Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3,15%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10%.
Индустриското производство во октомври, во однос на истиот период лани, е зголемено за 1,3%.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,2%, а реално за 3,5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 10,1%, а реално за 6,6%).
Македонските вина ќе можат да се пробаат во комбинација со специјалитети од Дубровник, а ќе учествуваат и гастро-изложувачи и претставници од Слоу фуд Македонија, кои на посебни штандови ќе понудат наша, традиционална храна.
Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,4%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, на домашниот пазар се повисоки за 0,3% на месечно ниво, односно за 1,1% на годишно ниво.
Бројот на превезени патници во патничкиот превоз е намален за 0,7%, во градско - приградскиот превоз за 21,1%, во железничкиот превоз за 3,1%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен 39,4%.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 71,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Најголемо учество во бруто домашниот производ (БДП) на Република Македонија, во текот на 2015 година, има Скопскиот регион со 42,9%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 5,2%.
Народната банка на Република Македонија, најдоцна до 15-ти декември во тековната година, ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за следната година.
Градот Скопје ја информира јавноста дека на 22-ри овој месец заврши јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.
Со рекорден број трудови и пленарни сесии, денеска започна петтата јубилејна Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР).
Од први декември, секој договор за јавна набавка случен од било која државна или јавна институција под надлежност на Владата ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на интернет страницата на секоја институција.
Во текот на месец октомври, вкупните кредити на корпоративниот сектор регистрираат месечен пад од 0,2%, којшто произлегува од намалување на девизните резерви, при раст на денарското кредитирање.
На саемот ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската Федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија.
Јавната дебата е дел од Гоу Грин проектот Од масло до енергија поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со овластената компанија за управување со отпадни масла за јадење Суниленс ДООЕЛ и здружението на граѓани Љубезност.
Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во текот на третото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е намален за 3,7%.
СТЕМ Академија стана дел од реномираните училишта во светот што ги имаат имплементирано Microsoft образовни методологии, програми, практики и технологија.
Вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – септември оваа година, изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2017 година, во однос на третото тримесечје од 2016 година, е намалено за 13,5%.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2017 година е за 0,1 процентен поен повисок во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2016 година е зголемен за 1,5 процентни поени.
Економскиот раст на Македонија е проектиран на ниво од 1,5% во 2017 година, додека во следните две години да биде на ниво од 3,5%.
Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.











