Малта, Рим и Ваксјо, Швајцарија се трите нови дестинации кон кои ќе се воспостави директна авионска линија од скопскиот аеродром.
Факултетот за електротехника и информациски технологии стана дел од академската мрежа на светскиот лидер во областа на мрежната безбедност - Palo Alto Networks.
Сите заинтересирани што сакаат да извршат бесплатен превентивен технички преглед на своето возило тоа може да го направат секој работен ден од 08 до 18 часот и сабота од 09 до 14 часот.
Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да се отпочне постапката за воведување на услугата прием на пари (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal.
Бројот на туристите во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 11,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16%.
Кредитната активност и во јуни продолжи да расте со солидно темпо, при раст на кредитната поддршка и на корпоративниот сектор и на населението.
Локалната акциска група Тиквешка Винска Долина го одбележа отворањето на штандот за продажба на локални производи поставен во близина на автопатот Е-75, на влезот од Неготино.
Понудата на станови на пазарот континуирано расте, со што ја задоволува побарувачката и во моментов има доволна залиха на новоизградени станови доколку побарувачката се зголеми.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат: зголемени трошоци за материјали со 22,9%, нема побарувачка со 16%, нема ограничувања со 15,1% и зголемени финансиски трошоци со 11,3%.
Во мај оваа година се издадени 241 одобрение за градење што е за 17,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Трошоците на животот во јуни 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало порастот е 0,5%.
Првите два пилот проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.
Комората на стечајни управници на Република Македонија со свечена академија го одбележа 10-годишниот јубилеј.
Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е - Барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Соработката меѓу училиштето и компанијата ќе се реализира на повеќе полиња од аспект на користење на расположливите ресурси и стекнатите искуства, а активностите ќе содржат презентирање на практично искуство и инструкции.
Секогаш носам заштитен шлем кога возам мотоцикл е пораката што со најновата активност ја испраќа кампањата Јас внимавам посветена на поголема безбедност во сообраќајот, што компанијата Окта со поддршка на МВР ја започна годинава
Во Хидроелектраната Шпилје во првите шест месеци од годинава произведени се 69 милиони киловат часови електрична енергија.
Цените на угостителските услуги во јуни 2017 година, во споредба со мај 2017 година, останаана исто ниво.
Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,8%, а реално за 7,3%).
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (41,5%), потоа учеството на трошоците за управување со отпадни води (33,8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (8,7%).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 101.0.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 109.2.
Народната банка на Република Македонија, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија ја организира Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура: Двигатели на интеграцијата на плаќањата во Европа – иновации и соработка, којашто ќе се одржи во Охрид во периодот од 5 до 7 јули 2017 година.











