Се надевам дека вработените кои се согласуваат на такво откажување, еден ден кога работите ќе се подобрат, ќе бидат соодветно наградени за својот придонес.
Слабата побарувачка зема поголем данок од компаниите погодени од корона-кризата отколку недостигот на работни часови или нарушувања на синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата, се наведува во соопштението од Институтот.
Нејзината употреба ќе биде беспатна, а ќе може да се користи во супермаркети, трговски центри, јавни институции или приватни компании.
Објавените податоци покажаа и дека индустриското производство закрепнува, но и дека паднал прометот во трговијата на мало, што укажува на слабост на домашната побарувачка.
Досега најголемата супер јахта што е направена има должина од 63 метри, за прв пат заплови лани и е продадена на британски бизнисмен за 40 милиони долари.
Ограничувањата се “од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.
Експертите за компјутерска безбедност соопштија дека нападот покажува колку ранливи социјални мрежи остануваат за нападите.
Негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност (продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото).
Спојувањето на групациите FCA и PSA продолжува да се остварува со забрзано темпо, а двете компании објавија дека нивниот заеднички ентитет ќе се нарекува Stellantis.
Не се ни размислува за продолжување на работа на банката. Банката мора да се ликвидира.
САД се извозник број еден на услуги во светски рамки со заработка од 875,8 милијарди долари или 1,6% повеќе во однос на 2018 година.
Дури 68% од потрошувачите во Македонија редовно користат бесконтактни картички.
Агентите за недвижнини тврдат дека за време на пандемијата од коронавирус се принудени на клиентите да им понудат виртуелно разгледување.
Планирано овој производ да се користи како дополнителен едукативен материја што ќе им помогне на учениците полесно да ги совладуваат лекциите.
Порастот на резервациите го појаснуваат со потиснатата побарувачка, додавајќи дека повеќето резервации се оние со поповолни цени за сместување, на дестинациите поблиску до матичните земји на патниците.
САД номинално имаат најголем долг од над 26,5 трилиони долари.
Во 2016 година, Европската комисија откри дека ирската влада му дала на Apple незаконска предност.
Турција, во период први април до 30-ти ноември оваа година донесе одлука да го намали ДДВ-то во хотелиерството од осум на 1%, што е најнизок ДДВ во било кој туристички сегмент во Европа.
За потребите на ова истражување, ЕЦБ анкетираше 144 банки во периодот помеѓу петти и 23 јуни, во време кога владите постепено почнаа да ги олеснуваат мерките воведени за борба против пандемијата на коронавирусот.
Едно истражување открива дека 78% од кандидатите за работа признале во интервју дека лажеле или лажат за нивните препораки и способности.
Банкарскиот сектор вчера забележа загуба, откако трите големи американски банки, JP Morgan, Wells Fargo и Citigroup, соопштија дека резервирале вкупно 28 милијарди долари за потенцијални лоши заеми за своите клиенти погодени од пандемијата од коронавирусот.
Надлежните власти објаснуваат дека таксата за дезинфекција на работното место не е ништо ново, туку дека од јануари 2018 година е составен дел на стоматолошката тарифа
Успешни инвеститори и милионери ги споделија своите идеи за тоа како да претворат 100 долари во милион.
Во Македонија минатата година, 64% од младите на возраст од 16 до 24 години имале одредени дигитални вештини.