Одборот на директор на Цементарница Усје констатираше дека Георгиос Герогас поднел оставка на функцијата член на Одборот на директори на друштвото.
Компанијата Уготур од Скопје евидентираше загуба од 3.120.000 денари во текот на 2014 година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Македонијатурист оствари 151.083.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, покажува неревидираниот финансиски извештај, објавен на Македонска берза.
Компанијата Тетекс од Тетово оствари добивка од 7.668.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Друштвото СЕЕ Линк ДОО Скопје, основано од Бугарската, Македонската и Загрепската берза објави Покана за учество на тендер за набавка на ИТ платформа за пренасочување на налози за тргување.
Компанијата Витаминка планира да оствари добивка од редовно работење пред оданочување во висина од 54.336.091 денари.
Компанијата Тетекс од Тетово проектира добивка пред оданочување од 8.900.000 денари за тековната 2015 година.
Акциите на компаниите Алкалоид, Комерцијална банка и Прилепска пиварница се најтргувани во јануари, покажуваат податоците на Месечниот статистички билтен.
Вкупно 522 акционерски друштва се евидентирани во Македонија заклучно со 31 декември минатата година. Од нив 16 се нови, а кај 13 е евидентирана постапка на стечај.
Комерцијална банка оствари добивка во висина од 97.859.000 денари за период од први јануари до 31 декември 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех на банката, објавен на Македонска берза.
Цената на нафтата вчера на светските берзи се стабилизираше над 48 долари за барел, поттикната од ослабнатиот долар кој ја зајакна куповната моќ на оние што поседуваат останати валути.
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Фершпед се најтргувани хартии од вредност на Македонска берза во 2014 година, покажува годишниот статистички билтен.
Македонската берза во декември оствари промет од 732.152.436 денари, што во споредба со претходниот месец, е пораст од 164,04%, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен.
Саудиска Арабија планира да ја отвори својата берза за странски инвеститори во април 2015 година. Нејзината вредност се проценува на 509 милијарди долари.
Оваа ќерка компанија остварува соработка со околу 20 недомицилни компании и застапува и дистрибуира околу 1.000 фармацевтски производи.
Комисијата за берзански индекс на Македонската берза за берзански индекс направи редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
Акциите на фармацевтскиот гигант Алкалоид беа најтргувани акции во ноември, покажуваат податоците од месечниот статистички билтен.
РЖ Институт, во период од први јануари до 30 септември оваа година, оствари оперативна добивка во износ од 10,9 милиони денари, стои во краткото образложение за работењето, објавено на Македонска берза.
Компанијата Пелистерка прикажа добивка од 35.124.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат резултатите од консолидираниот биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Винарската визба Попова кула од први јануари до 30 септември оваа година оствари добивка од 2.436.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Стопанска банка АД Скопје прикажа добивка од 1.350.185.000 денари за периодот од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Винаријата Сковин за девет месеци евидентираше загуба во висина од 51.090.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех, доставен на Македонска берза.
Рудници Бањани оствари загуба од 2.032.000 денари, во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Хотели Метропол Охрид, од први јануари до 30 септември оваа година, оствари добивка во висина од 41.893.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.