Компанијата Агроплод Ресен оствари загуба од 1.235.000 денари, во период од први јануари до 30 септември, што е за 55 милиони денари помалку во однос на минатогодишната загуба од 56.802.000 денари.
Уни банка евидентираше добивка од 51.821.000 денари во периодот од јануари до септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Уготур во период од први јануари до 30 септември оствари загуба во висина од 2.557.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Компанијата Макпетрол оствари загуба од 34.105.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година што е четири пати пониска од претходната година, кога беше на ниво од 127.592.000 денари.
Компанијата Скопски пазар оствари добивка од 40.405.000 денари во период од први јануари до 30 септември, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Фабриката за кондиторски производи Европа во првите девет месеци од оваа година оствари добивка во висина од 14.516.000 денари, што е намалување од 5,5 милиони денари во однос на истиот период лани.
Дебарски бањи Цапа од Дебар евидентираше нето добивка во висина од 23.166.000 денари за девет месеци од 2014 година, што за споредба со истиот период лани е зголемување за 8.135.000 денари.
Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30 септември оваа година, евидентираше загуба од 19.320.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на Системот за електронско известување од котирани акционерски друштва - СЕИ Нет наменета за корисници на уреди што работат на iOS платформата, осносно за сите што користат iPhone i iPad.
Компанијата Раде Кончар - Апаратна техника оствари нето добивка од 4.363.000 денари во период од први јануари до 30 септември.
Групацијата Македонски телеком АД Скопје прокнижи нето добивка од 489.919.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година.
Со вкупно 140 трансакции и учество со 23,87% во вкупниот промет, акциите на НЛБ Тутунска банка се најтргувани акции во октомври.
Фармацевтскиот гигант Алкалоид оствари нето добивка од 439.873.000 денари во период од јануари до септември оваа година.
Комерцијална банка евидентираше загуба од 183.696.000 денари во првите девет месеци од оваа година, покажуваат податоците од неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех на банката.
Компанијата Факом прикажа загуба од 26.901.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Од понудените 13.630.537 обични акции, продадени се вкупно 13.630.537 обични акции во вкупен износ од 4.307.249.692,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.
Технолошкиот гигант Макстил оствари нето добивка од 2.414.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува Билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво за издавање деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ), оствари нето добивка од 32.572.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Македонија и Турција имаат добра соработка на економски план и тоа треба да се пренесе и на пазарот на хартии од вредност.
Комисијата за хартии од вредност на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на јавна понуда.
Акциите на Комерцијална банка, Македонски Телеком и Алкалоид се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во септември.
Од денеска започнува вториот циклус на наградната игра Виртуелна берза што ја организира Македонската берза.
Нераспределената добивка на Цементарница Усје од минати години во износ од 2.564.721.431 денари да се распредели за дивиденда на акционерите во износ од 2.308.249.288 денари и да се задржи и уплати данок на дивиденда во износ од 256.472.143 денари.
Фармацевтската компанијата Јака 80 АД од Радовиш во првите шест месеци од оваа година оствари загуба од 6.687.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.