Стопанствениците повторно ја актуелизираат Иницијативата да се усогласи православниот со католичкиот Божик.
Дајнерс клуб Македонија вчера ја промовираше бесплатната апликација DinersClubMK, која е изработена за iOS уреди, односно iPhone, iPad и iPod touch.
Државниот завод за статистика излезе со податоци дека состојбата на компаниите од преработувачката индустрија во месец ноември е подобра во однос на октомври, но споредено со ноември 2011 е полоша.
Предпразничното расположение веќе одамна започна. Токму затоа за нашите верни потрошувачи подготвивме посебни новогодишни изненадувања.
Собранието на Република Македонија со 65 гласа “за” и четири "против", попладнево го донесе Буџетот за 2013 година, вреден 2,7 милијарди евра.
Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија на своите состаноци одржани на 21.12.2012 година одобрија промени на менаџерски позиции во двете компании.
Индиската компанија Аџаи груп е заинтересирана за изградба на хотели од висока категорија, СПА центри и инвестирање во прехранбениот сектор во Малешевијата.
Зоната ќе опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75, каде се определни 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности.
Битолската млекарница БиМилк денеска одбележа 60 години од денот на основањето во 1952 година, кога повеќе трговски претпријатија се здружија и го формираа тогашното претпријатие Млекар - Битола.
Изминатиот викенд во х. Силекс во Охрид се одржа првиот networking настан на учесниците во шестата генерација на Top Class програмата на CEED Македонија.
Во изградба на железничка и патна инфраструктура ќе бидат вложени вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012 – 2013 година.
Винарската визба Тиквеш ќе извезе вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина Вранец спешл селекшн, берба 2011 во Данска.
Макпрогрес како компанија од Македонија несебично ја пружи својата поддршка и помош на Божиќниот СИЛА базар во Љубљана.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредитни линии за Охридска Банка, преку кои ќе се задоволат барањата на малите бизниси, како дел од програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан.
Во последниве три месеци ресторанот Арабеска дел од дневниот промет го одвојуваше како донација во Домот за деца без родители 11 Октомври. Акцијата вчера се заокружи со водење на децата на празничен шопинг да си одберат облека за зимските денови.
Во охридскиот регион ќе никнат четири нови винарии, како дел од проектот на Владата за изградба на мини-винарии. Винариите ќе се градат со цел за подобрување на севкупната туристичка понуда на земјата, но и како можност за отворање нови работни места.
Скијачката сезона на Попова Шапка официјално се отвара утре со ноќно скијање. Ноќното скијање се враќа на овие терени за првпат после повеќе од една деценија.
Охридска банка, Societe Generale Group, изврши намалување на каматните стапки на станбените кредити на 6,2% фиксна каматна стапка за првите три години. Овие нови каматни стапки се однесуваат за новоодобрените кредити.
Во организација на Даталаб МК, а во партнерство со Македонски Телеком АД – Скопје, се одржа конференција за е-Сметководство. На конференцијата учествуваа над 400 претставници од сметководствени бироа од цела Македонија, на кои им беше претставен новиот систем PANTHEON.
Американската агенција за меѓународен развој (USAID) во Струмица го започна својот нов Проект за Микро и Мали претпријатија во Југоисточниот регион. Одговорен за спроведување на проектот е Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (CEED) Македонија, кој во текот на изминатите пет години нуди програми за обучување на менаџери и претприемачи.
Во ОУ Св. Кирил и Методиј, во Кочани, со почеток во 18 ч. форумот на заедницата во општините Пробиштип и Кочани, денес ќе ја одржи четвртата форумска сесија на тема Развој на туризмот во спортско-рекреативниот центар Пониква.
Во кругот на компанијата Фени Индустри од Кавадарци, денес Царинската управа ќе уништи повеќе од 35.000 парчиња различни видови на фалсификувани производи.
Разни конференции, презентации и семинари, концерти, свадби, корпоративни настани и тим билдинг, се настани кои најчесто се организираат во Македонија со помош на специјализирани компании.
За еден хотел да се квалификува за Златна награда, мора да поседува најдобар квалитет во услугата за гостите, хигиена и водење според стандардите на брендот.











