Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и одобрени на Алфа банка АД Скопје да издаде десетта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Горска вода ја доби најпрестижната награда, Меѓународна круна за квалитет (International Quality Crown) доделена од БИД (BID, Business Initiative Directions) глобална организација за регистрирање на квалитет.
Менаџерскиот тим на битолската печатница АД Киро Дандаро јавува дека го зголемиле извозот на своите производи во странство. Како што велат извозот е реализиран во државите од Балканот, односно на традиционалните пазари и за повеќе индустриски гранки.
One воведе понуда на пазарот со која корисниците на ЏаБест ќе можат да ги повикаат своите пријатели во ЏаБест друштвото и со тоа начин да добијат бенефиции за целото друштво.
Телекомуникацискиот оператор Вип вчера лансираше нова веб страница, која според соопштението, е иновативна и лесна за користење.
Европската бизнис асоцијација додели признание на Адора Инженеринг, како и на генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за најдобро претпријатие од градежништвото и за најдобар менаџер од Македонија во 2012 година.
Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД) денеска ќе го промовира Тренинг центарот за спроведување обуки.
Стечајната постапка за одделните ДООЕЛ-и на охридски ЕМО ќе биде привремено одложена, поради нецелосно доставените финансиски резултати до привремените стечајни управници.
Според Државниот завод за статистика прометот во македонската индустрија во октомври 2012 година, во однос на истиот месец минатата година бележи намалување од 20.9%.
Сопственикот на Полиестердеј - Скопје, Филип Спасовски, беше избран најдобар претприемач на годината во категоријата мали претпријатија, додека втор во оваа категорија беше прогласен Сервет Ќазими, сопственик на млекарницата Сентис АГ.
Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, вчера на брифинг изјави дека две компании поднеле барање за сите три лиценци, додека една компанија била заинтересирана само за лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија.
Поради временските услови распоредот на вчерашните и денешните летови на аеродромот Александар Велики е променет, стои во соопштението на концесионерот на аеродромот ТАВ холдинг.
Во општина Штип започна постапката за формирање на ново јавно претпријатие за гасификација на градот и индустриската зона.
На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги подржува барањата на вработените во ОХИС.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании е 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120.
Во рамките на манифестацијата Претприемач на годината, Сојузот на стопански комори на Македонија денес ќе ги избере најдобрите претприемачи во земјава.
Македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus, успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред 2 месеци.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде одржан Форум на тема Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари.
Топлификација вчера информираше дека до денес ќе ги исплати долговите кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември, ќе бидат исплатени.
Македонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век.
Т-Мобиле Македонија подготви празнично изненадување за своите корисници. На 14.12.2012 година го носи новиот iPhone 5 на македонскиот пазар.
Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН - Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија.
По направените лабораториски анализи на земените мостри од пченкарно брашно увезено од Србија, во неколку примероци е утврдено присуство на афлатоксин над дозволеното, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од Управата за јавни приходи јавуваат дека комапниите кои имаат законска обврска од први јануари да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење.