Во рамки на првиот ден од посетата на Пекинг, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се сретна со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија.
Со новите измени на Законот за ловство што ги прифати Владата на Република Македонија, концесиите за ловишта во земјава отсега ќе се издаваат по електронски пат.
Владата на Република Македонија донесе одлука за почнување постапка за доделување концесија за изградба на ХЕЦ Чебрен и Галиште, со цел побрзо да почне искористување на енергија од обновливи извори.
За 10 годишното постоење кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра, а депозитното 164 милиони евра. Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.
Освен што беа промовирани новите програми, пред преполна сала бизнисмени беа доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.
Менаџери за човечки ресурси во македонски компании, странски консултанти и владини претставници денес на конференција во Скопје разговараа за начините за создавање човечки капитал што ќе одговори на потребите за развој на организациите во услови на постојани промени.
Според раководителот на Одделот за надворешна економија и маркетинг при баварското Министерство за економија и медиуми, Улрике Волф, Македонија е мала економија, но тоа има и предности, како што е можноста за побрзо дејствување што треба да се искористи.
На Универзитет Американ Колеџ денес од 11 до 12.30 часот ќе се одвива работилница на тема Да ја направиме работата во МК исплатлива.
Во индустриската зона Жабени, кај Битола, денес свечено ќе биде отворена новата фабрика на германската компанија Kromberg & Schubert.
Oд февруари следната година автобуските билети ќе се издаваат по електронски пат.
Граѓаните ги избраа новите девет идејни решенија за футуристички изглед на плажите во Дојран и Преспа.
Бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Сојузот на синдикати на Македонија почнува со реализација на проект за вклучување на работниците во менаџирањето на компаниите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2013 година изнесува 127.607, а бројот на ноќевањата изнесува 586.635.
Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, вечерва во хотел Александар Палас свечено ќе го прослави своето ребрендирање и ќе ги промовира новите генерации менаџерски програми.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 98,1.
На бизнис форумот кој го организираше британската Амбасадата, во соработка со Британската бизнис групација во Македонија, министерот за економија Ваљон Сарачини ги запозна британските бизнисмени со бизнис климата во Македонија, како и со актуелните инвестициски проекти.
Агенцијата за кредитен рејтинг Фич ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен ББ+.
Најновиот супер паметен телефон на LG, моделот LG G2 екслузивно во Македонија, благодарение на операторот Вип.
Околу 150 наставници од средните училишта кои предаваат предмети поврзани со претприемништвото, денес ја започнаа обуката на тема Како се предава претприемништво?, организирана од Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет.
На годинешниот Меѓународен саем Технома беше презентирана и Куќа од соништата, направена според врвни и најмодерни дизајнерски и технолошки решенија претставувајќи ја совршената слика за тоа како треба да изгледа еден идеален дом.
Стопанската комора на Македонија денес организира тркалезна маса за металниот сектор на тема Металниот комплекс - стратешка гранка за развој на националните економии и економијата во ЦЕФТА-регионот.
Следните шест месеци во општина Свети Николе ќе се спроведува проектот Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области.
Според изјавата на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, вкупната бројка на доделени субвенции во последните четири години на производители во Свети Николе и Лозово изнесува 14 милиони евра.
Во рамки на саемската манифестација Агрофуд, денес беа доделени наградите за најпрокативен земјоделец за 2013 година.