Македонија

ЦеПроСАРД, центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, во соработка со Стопанската комора на Македонија денес организира семинар на тема „Кластери за зелена енергија”.
Владата на Република Словенија се очекува да донира 700. 000 евра грант средства преку меѓународниот центар за соработка.
Со последните усвоени измени на Законот за персонален данок, Владата на Република Македонија го продолжи рокот за неоданочување на приходите на камата на штедните влогови.
Македонски Телеком A.Д. Скопје заедно со Министерството за образование и наука, започна постапка за набавка на интерактивни електронски табли кои ќе бидат наменети за повеќе училишта ширум државава.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРНЕТ Сашо Димитријоски, по денешната средба најавија дека постапката за регистрирање домени ќе биде олесната преку воведување систем на регистрари кои ќе овозможат либерализација на пазарот.
На својата 73-тат седница Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзеде дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид, поточно на Одделот за работа со хартии од вредност.
Сите посетители на Автобуската станица во Скопје од денеска ќе имаат пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет.
Во народната кујна во населбата Кисела вода, денеска ќе биде одржана прес конференција по повод донација за народните кујни од страна на Државна Лотарија на Македонија и Медиа Принт Македонија.
Групацијата Volkswagen ја лансираше својата најнова интернационална маркетинг кампања Оnething за светската премиера на новиот Golf 7.
Државниот завод за статистика излезе со податоци за вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2012 година.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе ја отвори петтата по ред „Глобална недела на претприемништвото и бизнис вмрежување“ во Македонија.
Телекомуникацискиот оператор blizoo во саботата ја прослави првата година од работењето на македонскиот пазар. Првиот роденден, истовремено со низа настани беше одбележан во трите продажни салони низ Скопје.
Почнувајќи од 1 јануари 2013 година, превозот на стока помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина ќе биде целосно либерализиран.
Отворена е нова експозитура на НЛБ Тутунска банка, овој пат на ул. Сарај бб. чија одговорност ќе биде сегментот население и правните субјекти.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Светска банка (СБ) и Европска инвестициска банка (ЕИБ) најавија 30 милијарди евра помош за опстанок на економијата и раст во средна и југоисточна Европа, во контекст на продолжената криза во еврозоната.
Акциите на градежната компанинија Бетон кои пораснаа над 11%, бележат најголем скок на Македонската Берза за изминатиот месец. Од друга страна пак, најголемиот губитник за месец октомври е Стопанска Банка Битола, чии што акции паднале за дури 29%.
Најмоќниот суперкомпјутер беше претставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси, на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).
Македонски Телеком АД-Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот и во третиот квартал на 2012 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат консолидираните финансиски резултати за третиот квартал од 2012 година, согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ)
По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно се откажаа од своите купони за храна, и собраните средства ги подарија на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им помогнат на најсиромашните семејства кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за живот
Во Раде Кончар Сервис Скопје беше отворен нов регионален еколошки центар, кој ќе има за задача да обезбеди заштита на животната средина, преку редукција и елиминација на штетните состојки ПХБ (полихлорирани бифенили) во трансформаторското масло.
Еден од највисоко рангираните бизнис школи во светот HULT International Business School по трет пат ќе ги претстави можностите за стипендии на македонските менаџери и лидери на саемот „Стипендии Експо 2012“, што ќе се одржи на 16 и 17 ноември (петок и во сабота) во Универзитетската библиотека Светки Климент Охридски во Скопје.
На Скопски саем денеска почнува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012. Ќе учествуваат компании од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Грција и Словенија
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање во закуп државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Неготино, Делчево, Ресен, Битола, Валандово, Берово и Свети Николе, за вкупна површина од над 627 хектари.
На семинарот што се одржа во Микросам во Прилеп, 30 врвни експери во делот на роботиката и композитните материјали ја завршија неколкудневната размена на искуства во делот на достигнувањата во науката.