Новости

Италијанскиот произведувач на камиони планира да затвори пет погони на европско тло до крајот на оваа година. Оваа одлука директно ќе влијае врз судбината на 1.075 работници.
Невработеност во Грција достигна рекордно ниво од 25% за месец јули, а дури 54,2% од невработените се млади луѓе, пренесуваат европските медиуми
Според новиот правилник на Топлификација, од следниот месец и оние граѓани кои се откажале од парното, а нивната зграда се уште е приклучена на системот за греење, ќе треба да плаќаат меѓу 8 и 10 денари за квадратен метар.
Лименките и пластичните шишиња ги истиснаа од употреба стаклените шишенца по кои Кока Кола беше со децении препознатлива на светскиот пазар.
Рафинеријата Окта се најде меѓу топ 100 најуспешни компании во југоисточна Европа, според рангирањето на веб-страната Сињуз.
Кристин Лагард, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), денес изјави дека глобалната економска криза почнува да нанесува сериозни штети на земјите во развој.
Просечната бруто заработувачка на жените во Црна Гора на крајот на септември минатата година била 659 евра, што е за 100 евра помалку во однос на платите на мажите, покажуваат податоците на Монстат. Воедно жените заработиле под просекот во Црна Гора, кој изнесува 712 евра.
Научниците од Природно – математичкиот универзитет од Анкара успеаја да дојдат до формулата според која можно е производство на вештачки јаглен, пренесува агенцијата Анадолија.
Американците Елвин Рот и Лојд Шепли се добитниците на Нобеловата награда за економија, за теоријата на стабилна алокација и пракса на пазарниот дизајн.
На врвот на најбогати Германци за 2012 е семејството кое сопственик на ланецот супермаркети Aldi. Меѓу нив се издвојуваат Карл Албрехт (92) со 17,2 милијарди евра, како и неговите роднини Бертхолд (58) и Teo (62) кои имаат 16 милјарди евра.
Управата на словенечката компанија Горење планира зголемување на основниот капитал од 25%, а за докапитализација го најде јапонскиот гигант Панасоник.
ЕБРД ќе се фокусира на зголемување на активноста на банкарскиот и приватниот сектор, а со самото тоа да се поттикне вработувањето со помош на големи инфраструктурни проекти.
Падот на прометот е причината поради која трговците прибегнуваат кон разни трикови за да привлечат купувачи. Најчестите веќе испробани методи е нудењето на облека и обувки по намалени цени за “дури” 70%, не наведувајќи ја основата за намалување.
Според пишувањата на хрватскиот бизнис портал Бизнис, Босна и Херцеговина е најголемиот извозник на млеко и млечни производи во Македонија, со 6,65 милиони евра во 2011 и 1,56 милиони евра во првиот квартал во 2012 година.
Дури 57% од младите размислуваат да ја напуштат Хрватска и да заминат во земјите од Европската унија поради студирање или вработување, покажа истражувањето на глобалната компанија Visa.
Србија е во ситуација кога и е поисплатливо да купува поевтини земјоделски производи од странство отколку да произведува свои. Причина за тоа е недоволното користење на сопствени ресурси и инвестиции на државата кои би ги поттикнале земјоделците на поголемо производство.
Словенија ќе ја затвори амбасадата во Хелсинки откако минатиот месец ги затвори своите дипломатски претставништва во Лисабон и Стокхолм. Затворен е и конзулатот во Дизелдорф. До крајот на годината ќе ја затвори и амбасадата во Даблин, а на удар е и конзулатот во Њујорк.
На годишно ниво цените се повисоки за 4,9%, што е највисока вредност за оваа година, а во однос на август, животот поскапел за 1,1%. Податоците покажуваат дека главна причина за пораст на инфлацијата се прехранбените производи, како и поскапувањето на гасот од средината на годината.
Сметката за спас на презадолжените земји на евро-зоната: Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Ирска стаса, но таа се уште не е потполно затворена.
Побарувачката за нафта драстично ќе се намали со што Организацијата на земји – извознички на нафта (OPEc) ќе биде под притисок да го намали производството на нафта за неверојатни 31 милион барели нафта дневно, многу помалку од моменталното производство.
Водните соларни пумпи се новитетот што компанијата М-Лан Солар ќе го претстави на овогодинешниот саем Технома 2012 година. Причината за овој новитет се се поголемите трошоци на земјоделците кои ќе се намалат со употребата на овие водни пумпи.
Куповната моќ во Италија падна на најниско ниво од 2000 година.
Рецесијата во еврозоната ќе се зголеми во наредната година, додека бруто-домашниот производ БДП ќе се намали за 0,4%, наместо претходно предвидените 0,3%, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, кој ги намали претходните прогнози за оваа и следната година.
Oбуката за работниците, професионализмот и најсовремената технологија се клучните елементи за подобрување на квалитетот на производите за извоз.