Новости

Европските парламентарци усвоија нови правила за тоа кога и како кредитните агенции можат да ги оценуваат државните долгови и финансиското здравје на приватните компании.
На светскиот конгрес за најновите случувања и перспективи во автомобилската индустрија, што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари, се преставени и инвестициските можности што ги нуди Македонија во тој сектор.
Собраниската Комисија за економски прашања денеска ја констатира потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, во прво читање, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак „Македонско сонце“.
Проекти на ЕУ за ефикасно користење на енергија се изложени на критика како “неисплатливи”, по ревизијата спроведена во неколку земји. Проверувани се проекти во Чешка, Италија и Литванија, земји кои во периодот од 2007 до 2013 година добиле најмногу пари.
Телекомуникацискиот оператор Оне доби награда за “социјално посветена” компанија од светски најпознатиот сервис за Фејсбук аналитика, Socialbakers.
Компанијата ВИА Маркетинг по пет години постоење официјално го објавува ребрендирањето на логото на компанијата кое е инспирирано од римскиот број 5, V како победа и А како нов почеток, успех.
Уште е рано да се соопштат детали како и во кој правец ќе се развива индустриската зона, но извесно е дека тука ќе дојдат големи странски фирми кои се занимаваат со производство. Ние веќе соработуваме со голем дел од нив и знаеме дека бараат добри услови.
Четири години по започнувањето на глобалната финансиска криза, се чини дека најлошото помина, но глобалната економија и понатаму е нежна, порача Светска банка (СБ) во најновиот извештај за економскиот развој, во кој остро ја намали проценката за раст на светската економија за оваа година.
Доаѓањето на трговскиот ланец Лидл во Србија на потрошувачите ќе им понуди од 20% до 40% пониски цени од просечните пазарни цени.
Медиумската група WAZ (Westdeutsche Allgemeine Zeitung) најави затворање на сите локални редакции на регионалниот дневен весник Westfälische Rundschau (WR) и отпуштање на 120 новинари и уредници.
Марк Цукерберг, извршниот директор на компанијата Facebook, ја претстави новата алатка за пребарување Graph search, со која може да се пребарува по базата на податоци на оваа социјална мрежа.
Во текот на наредните неколку години е планирано да се спроведат серија антиерозивни мерки преку подобрување на шумската покривка и регулирање на главните поројни водотеци во сливот на Преспанското Езеро.
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска ќе ја пушти во употреба новата електронска продавница Еко - солар.
Странските директни инвестиции во Хрватска во првите девет месеци минатата година изнесувале 452,7 милиони евра, што е двојно помалку за разлика од истиот период една година претходно, објави Хрватската народна банка (ХНБ).
Мелничарите во Македонија се загрижени за својот опстанок откако Владата ја укина одлуката за условен увоз на брашно со претходен откуп на домашна пченица.
Kинеските власти одобрија проект вреден 11,2 милијарди долари за изградба на уште еден аеродром во Пекинг. Аеродромот ќе има седум писти, шест цивилни и една за воени намени.
Согласно со одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори.
Најголемиот швајцарски произведувач на часовници, Swatch, за една милијарда долари ја купува ексклузивната канадска компанија Harry Winston, која се занимава со производство на часовници и накит.
На Меѓународниот саем за туризам, што се одржуваше од 8-ми до 13-ти овој месец, во холандскиот град Утрехт, беше презентирана туристичката понуда на Охрид и на Македонија.
Групацијата на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи состанок.
Mинатата година во Македонија, во ноември биле регистрирани 34.756 туристи, со 80.580 ноќевања.
Во Агенцијата за странски инвестиции во Србија проценуваат дека оваа година во земјата би можеле да влезат 2,5 милијарди евра директни инвестиции. Најголеми се очекувањата во енергетскиот сектор.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија вчера беше промовирана Асоцијацијата на македонските жени – претприемачи Жени бизнис-лидери, чија цел е поттикнување на женското претприемништво во Македонија.
Падот на индустриското производство во еврозоната и Европската унија успори во ноември, покажуваат податоците на Евростат.