Новости

Владата на Србија одлучи на почетокот на 2013 година да објави меѓународен тендер за продажба на фармацевската компанија Галеника, изјавија денес од Министерството за финансии и економија.
Топ пет дестинации во светот се Париз, Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур, објави Светската туристичка организација при ОН.
“Планираме да изградиме најмалку 800 регионални аеродроми во градовите со преку 100.000 жители”, најави претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде одржан Форум на тема Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари.
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард најави дека на почетокот од следната година ММФ треба да ја заврши ревизијата на сопствениот пакет помош за Грција.
Топлификација вчера информираше дека до денес ќе ги исплати долговите кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември, ќе бидат исплатени.
Македонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век.
Т-Мобиле Македонија подготви празнично изненадување за своите корисници. На 14.12.2012 година го носи новиот iPhone 5 на македонскиот пазар.
Атина ќе добие 34,3 милијарди евра во наредните денови, одобрија министрите за финансии од еврозоната. За Грција ќе бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош.
Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН - Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија.
По направените лабораториски анализи на земените мостри од пченкарно брашно увезено од Србија, во неколку примероци е утврдено присуство на афлатоксин над дозволеното, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од Управата за јавни приходи јавуваат дека комапниите кои имаат законска обврска од први јануари да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење.
Пазарџите од скопски Бит Пазар денес изглегуваат на протест кај клучката Бит Пазар, поради неможноста да се справат со проблемите настанати во тековното работење.
Кинеските инвеститори во 2012 година оствариле рекорд во купување на компании во САД, при што потрошиле 10,5 милијарди долари.
Компанија регистрирана во Македонија ќе врши надзор и управување со финализирањето на дизајнот и инсталација на постројка за преработка на олово и цинк во Замбија, од страна на Berkeley Mineral Resources Plc .
Повеќето работодавачи на глобалниот пазар се помалку убедени дека ќе вработуваат работници отколку што беа на почетокот на годината, што навестува тешки времиња за оние што бараат работа, се заклучува во прогнозите на групата Manpower за првото тримесечје од следната година.
По скоро 10 години, британската авиокомпанија British Airways повторно лета на директната линија Загреб – Лондон. Секојдневно, авионите од типот Ербас А319/А320 ќе ја поврзуваат британската метропола со хрватскиот главен град.
Во ноември месец во Србија немало инфлација, додека во однос на истиот месец минатата година достигнала 11,9%, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Министрите за енергетика на земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) се договорија да го задржат постоечкото ниво на производство.
Со Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, Факултетот за земјоделски науки и храна денеска и утре ќе го одбележи своето 65 годишно постоење.
Макпетрол повторно се закани дека ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас за Топлификација, доколку не биде подмирен нивниот долг кој изнесува 191,5 милиони денари.
Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година. За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.
Познатиот германски произведувач на луксузни спортски автомобили Порше, денес соопшти дека бројката на продадени автомобили, досега во оваа година е поголема од вкупната бројка на продадени автомобили во изминатата 2011, која беше рекордна за компанијата.
Со овој начин на рекламирање секој клиент ќе знае точно колку неговата реклама ќе има ефект. Односно секој оној што ќе одлучи да се рекламира на Македонската телевизија ќе има точна сегментација на популација што го гледа и каде ќе има најголем ефект од неговата реклама.