Новости

На конференцијата за автомобилска индустрија „ОЕSA 2012 Outlook Conference”, која што се одржа во Детроит, беа претставени поволностите за инвестирање во Македонија.
Во Франција и Германија економскиот раст во третиот квартал годинава беше 0,2%, соопштија статистичките агенции на двете држави.
Дознајте нешто повеќе за најголемиот католички универзитет во Европа, како и за начинот на кој можете да добиете стипендија за овој универзитет преку ОИЦ Скопје.
Србија до крајот на годинава може да очекува помалку странски инвестиции од лани, а ќе изнесуваат од една до 1,2 милијарди евра, изјави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), Бојан Јанковиќ.
Митцубиши, големата јапонска корпорација, е заинтересирана за вложување во македонското земјоделство, поточно во млечната индустрија, преработувачката индустрија и откупно дистрибутивните центри.
Хрватскиот вицепремиер и министерот за економија, Радимир Чачиќ поднесе оставка, откако унгарскиот суд го осуди на 22 месеци затвор поради сообраќајната несреќа што ја предизвика во оваа земја во јануари 2010 година, во која смртно настрадаа две лица.
ЦеПроСАРД, центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, во соработка со Стопанската комора на Македонија денес организира семинар на тема „Кластери за зелена енергија”.
Додека земјоделците од Босна и Херцеговина тонат се подлабоко поради проблемите со кои се соочуваат при производството, храната од животинско потекло во оваа земја се увезува од сите континенти. Месо се увезува од Австралија и Уругвај, а млеко и павлака од африканската држава Сиера Леоне.
Најголемиот производител на автомобили во Јапонија, Тојота, најави дека ќе повлече 2,77 милиони автомобили од пазарот, поради проблеми со водната пумпа и управувањето.
Преку три четвртини од потенцијалните претприемачи кои би започнале сопствен бизнис, би инвестирале во него до 15.000 евра. Истражувањето покажа дека 31% од луѓето коишто сакаат да започнат сопствен бизнис го избираат ИТ секторот, затоа што средствата за стартување на ваков бизнис се помали.
Лондон ја изгуби светската лидерска позиција на најголем финансиски центар, препуштајќи му го првото место на Њујорк. Прогнозите говорат дека оваа титула до 2016 година ќе ја презеде Хонг Конг.
Владата на Република Словенија се очекува да донира 700. 000 евра грант средства преку меѓународниот центар за соработка.
Skype излезе со уште една новина на пазарот. Имено станува збор за Skype in the workspace платформа со која малите компании ќе можат беплатно да се поврзат со клиентите, партнерите и добавувачите.
Западните банки повлекуваат пари од земјите од средна, источна и југоисточна Европа, при што темпото во второто тримесечје е благо забрзано, констатира групата меѓународни кредитори и регулатори.
Со последните усвоени измени на Законот за персонален данок, Владата на Република Македонија го продолжи рокот за неоданочување на приходите на камата на штедните влогови.
Акционерите на најголемите словенечки банки ќе одлучуваат кон средината на декември за издавање нови акции и докапитализација, за банките да го доведат својот капитал во согласност со барањата на европската регулаторна агенција.
Македонски Телеком A.Д. Скопје заедно со Министерството за образование и наука, започна постапка за набавка на интерактивни електронски табли кои ќе бидат наменети за повеќе училишта ширум државава.
Министрите за финансии на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд вчера јавно се конфронтираа околу продолжувањето на рокот на Грција за да ја среди состојбата во јавните финансии
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРНЕТ Сашо Димитријоски, по денешната средба најавија дека постапката за регистрирање домени ќе биде олесната преку воведување систем на регистрари кои ќе овозможат либерализација на пазарот.
Во изминатите неколку години, онлајн рекламирањето го прерасна рекламирањето во весниците и магазините и стана втор најголем медиум за реклами после телевизиите.
На својата 73-тат седница Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзеде дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид, поточно на Одделот за работа со хартии од вредност.
Стивен Синофски, шеф на одделот Windows на Мајкрософт, ја шокираше јавноста и си замина од компанијата само неколку недели по претставувањето на Windows 8.
Србија мора да најде решение кое ќе и овозможи да стане дел од Светската трговска организација (СТО), вели српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ и додава дека земјата мора да ја задржи заштитата во поглед на промет со генетски модифицирани организми (ГМО).
Откако пред банкарските извршители дојде и до второ самоубиство на должник за само неколку дена, шпанската влада во соработка со опозицијата донесе мерки со кои на банките им се забранува од запленетите куќи да ги исфрлаат оние што не можат да ги извршат своите обврски.