Новости

Конференција на тема Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија, која е во рамки на осмата Недела на енергетика Македонија 2012, денес ќе се одржи во Град Скопје.
Амбиција на компанијата е да се шири на пазарите во Русија и земјите од поранешниот Советски Сојуз, северна Африка и Турција. Тедески не ја исклучи можноста за превземање нови компании, а неодамна најави дека е можно да купи нови фирми во Србија.
Од денес, па до 2 декември, во просториите на Скопски саем ќе се одржува Првиот меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси, во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и во соработка со Swedish Trade Council.
Општина Крива Паланка доби заем од Министерството за финансии во вредност од 51,6 милиони денари, за изградба и реконструкција на улици во градот, како и за набавка на нова опрема за јавните услуги.
Централната банка на Црна Гора очекува стапката на инфлација оваа година да достигне 6,5%. Тоа, како што е соопштено, е под стапката на инфлација во повеќето земји во регионот, но над стапката во земјите од еврозоната.
The Banker, реномираното светско списание од областа на финансиите и банкарството, ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за Банка на годината во Македонија за 2012.
Од 1 јануари 2013 година, Хрватска ја укинува нултата стапка на данок на додадена предност (ДДВ) на лебот, млекото, книгите, лековите, ортопедските помагала и кино билетите, кои ќе се оданочат со 5%.
Вкупно 78 социјални станови, денес ќе бидат распределени во Битола преку електронска аукција. Становите се наменети за решавање на станбеното прашање на лица кои спаѓаат во ранливите социјални групи
Во организација на Американската Стопанска комора во Македонија, со почеток во 14:00, денес во СОС Детското село во населбата Ченто, ќе се одржи втората по ред традиционална прослава на Денот на благодарноста.
Нафтениот гигант British Petroleum привремено остана без можност да склучува нови договори за работа во САД поради излевањето на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година, соопшти американската Агенција за заштита на природната средина EPA.
Среднонапонската мрежа во Кратовскиот регион ќе биде модернизирана со вградување на далечински управуван прекинувач за надворешна монтажа Recloser, соопштија од ЕВН.
Европската централна банка (ЕЦБ) предложи еврокомесарот за заштита на пазарната конкуренција трајно да ја преземе задачата на ликвидација на слаби банки кои преживуваат главно благодарение на финансирањето преку централните банки.
Словенија треба да го продаде својот удел во најголемата словенечка банка, Нова љубљанска банка (НЛБ). Државата, како најголем сопственик на НЛБ, нема 350 милиони евра, колку што е потребно за нејзина нова докапитализација.
На вчерашната конференција во Битола посветена на развој на мали и средни претпријатија, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски најави дека во текот на следната недела ќе биде распишан нов оглас за отворање на електронски продавници.
Од идеја до прототип е насловот на натписот што осамна на веб страната Euronews.com, кој зборува за Скопската компанија за печатени плочи со електрични кола - Hi-Tech Corporation.
Американските и европските власти затворија 132 интернет страници на кои се продавала фалсификувана стока, од облека и патики, до очила за сонце.
Индустриското производство во периодот јануари - октомври 2012 година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 6,7%.
Американските тутунски компании кои со децении негираа дека ја лажеле американската јавност за штетноста од пушењето, сега ќе мораат на сопствен трошок да спроведат рекламна кампања со која ќе ја признаат својата лага, пресуди американскиот сојузен суд.
Комисијата за хартии од вредност одлучи друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври - Еурокомпозит АД Прилеп да издаде 218.819 обични акции во износ од 1.118.821,547 евра.
Југоисточна Европа ќе почне значително да се опоравува економски од 2014 година, а до тогаш следува мал стопански раст, оцени Питер Санфеј, економист на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Повеќе сопственици на лускузни хотелски објекти, ресторани, туристички бродови и тур-оператори од државите на северна Африка, пред се од Египет, престојуваат во државава, со цел да се разгледаат можностите за инвестирање во Македонија.
Се очекува турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines (THY) да побара компензација од Boeing откако мораше принудно да слета во понеделникот поради дефект, пишува Zaman.
На првиот ден од економската презентација во САД, премиерот Никола Груевски заедно со владиниот тим, ги презентираа предностите за инвестирање во Македонија пред околу 60 компании од автомобилската индустрија во Детроит.
Кина ја разгледува можноста да ја ублажи политиката на едно дете затоа што е соочена со рапидно стареење на популацијата, објави China Daily.