Т-Мобиле воведе мобилна апликација - Телеком МК засега наменета за припејд корисниците, која овозможува активирање и користење на многу услуги и поволности и уникатно корисничко искуство.
Двете компании веруваат дека новиот заеднички модел на електричен погон ќе оствари подобри продажни резултати со оглед на тоа што неговата цена не би требало да надмине 10.000 евра.
Од доменот на јавните услуги на национално ниво во Организацијата на потрошувачите имале 115 јавувања од кои најголем дел 33% биле за мобилната телефонија.
Групацијата Пивоварна Лашко ги започна подготовките за изнаоѓање соодветен инвеститор за докапитализација на компанијата.
На својата интернет страница, Европската комисија објави оглас со кој бара компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија.
Апликацијата OliveBox е cloud апликација наменета за мали и средни претпријатија што се состои од e-mail маркетинг, мобилен маркетинг, порачки, фактурирање и управување со клиенти и контакти.
Нискобуџетните авиокомпании што работат во Македонија да летаат барем два пати неделно од Охридскиот аеродром до било која европска дестинација, бара од надлежните институции Здружението на хотелиери од Македонија – ХОТАM.
Зајакнување на позициите на пазарите на ЕУ како и постигнување што поголемо пазарно учество, се главните цели од кои произлегува овој потфат.
Најголемиот светски производител на стока за широка потрошувачка објави дека во следните две години ќе продаде дури половина од своите сегашни брендови.
Цените на буковото огревно дрво за 10% ги намали ЈП Македонски шуми за сите физички лица и за 15% за корисниците на социјална помош.
Металуршката компанија Макстил прикажа сеопфатна добивка од 993.488 денари, покажуваат податоците од извештајот за работење на компанијата, објавен на Македонска берза.
Се очекува првиот хидроавион да полета за десетина дена, но патот од идејата до завршната фаза поради бирократските проблеми траеше 14 години.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Министерството за финансии денеска исплати 199,1 милиони денари субвенции на 13.781 земјоделци по основ повеќе мерки.
Во НБРМ денес се одржа промоција на кованите пари за колекционерски цели Кирил и Методиј и на Лав и Девица од серијата Хороскопски знаци.
Групацијата Лукоил - една од најголемите меѓународни нафтено - гасни компании ја прогласи компанијата Лукоил Македонија за најдобрa компанија помеѓу своите фирми - ќерки.
Компјутерскиот гигант Apple покажа интерес за американската платформа BookLamp, која може да направи препораки за читање на основа на семантички и лексички елементи.
Бугарија е една од петте земји членки на Европската унија која е целосно зависна од нуклеарното гориво од Русија.
Изградба на нова технолошка индустриска развојна зона денеска ќе почне во Радовиш. ТИРЗ Радовиш ќе зафаќа површина од 10 хектари.
Група дански архитекти смислија нов концепт за градење на зоолошки градини во коишто посетителите ќе можат мирно да ги набљудуваат животните, а тие ќе се чувствуваат слободни.
Здрава храна, богато културно наследство, природа од која застанува здивот, бисери и скапоцени камења. Ова се само некои од причините поради кои треба да се посети Македонија, пишува познатото француско списание Ел.
Целта на кампањата е информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Македонија за нивните права и поврски повзрани со внесување и изнесување пари.
Sence е исклучителен по својот дизајн, но и функционалност. Уредот има сензор што се поставува на перницата на корисникот, со чија помош се собираат податоците, по што се прави анализа на спиењето.











