Во следните 20 месеци во руралниот тренинг центар кој денес свечено беше отворен во гостиварското село Вруток ќе се врши едукација на фармери за новите технологии во земјоделството и руралниот туризам.
Последнииот ден од месец август во Босна и Херцеговина во Заводот за вработување биле евидентирани 555.820 лица. Во однос на претходниот месец, бројот на невработени е поголем за 2.831 лица или 0,51%.
Освен категоријата топ менаџмент, која има 123% повисока плата во однос на просекот, најплатени занимања се оние од областите технологија и развој (+75%) и телекомуникации (+46%).
Фармацевтската компанија Алкалоид доби авторизација за пласман на над 30 свои лекови на пазарите во земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои Ерменија, Азербејџан, Грузија и Туркменистан, а во исто време започна и повеќе проекти во Казакстан.
Швајцарскиот гигант Нестле е се поблиску до одлуката да ги продаде “лошите” брендови и да го подобри своето портфолио со отстранување на фирмите кои подолг период остваруваат слаби резултати.
На конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на езерата, кој беше објавен од Министерството за транспорт и врски во август, пристигнаа девет идејни решенија, од кои четири за плажи на Преспанското Езеро и пет за плажи на Дојранското Езеро.
Инкубаторот е дел од проектот Образование, вработување и еднаквост на жените од етничките заедници на ИПА.
По спроведените вчерашни активности на даночните служби во Скопје, затворени се 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Синѓелиќ и Маџари, меѓу кои и познат хотел во центарот на Скопје.
Крајслер поднесе барање до надлежното тело во САД за започнување на процес на иницијална јавна понуда (ИПО), односно прва јавна понуда на обични акции на оваа компанија.
Почнувајќи од денес брашното во Македонија ќе може да се продава единствено ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со закон.
Ќе се разговара за монетарната политика, буџетот, движењето на јавниот долг, структурните реформи и реформите во пензискиот систем и пазарот на труд.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Белата куќа им нареди затворање на американските владини агенции откако Конгресот не успеа да постигне компромис околу буџетот пред полноќ по американско време.
Правилникот за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната од денес стапува на сила.
Шведска Икеа, најголемиот произведувач на мебел во светот, во продавниците во Британија ќе почне да продава и соларни панели.
За преземање на Кроација осигурување, словенечката осигурителна групација Триглав е подготвена да издвои околу 120 милиони евра.
Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин со прекрасна коктел забава, на која присутствуваа бројни соработници и колеги.
Apple по цели 13 години ја симна Coca Cola од првата позиција на листата највредни брендови, покажува најновото истражување на Интербренд.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вчера ги презентираше измените и дополнувањата на Законот за градење.
Странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари-јули 2013 година достигнале 130,5 милиони евра што е за 42 милиона евра повеќе од лани.
Стопанската комора на Македонија денес соопшти дека состојбите во текстилната индустрија се подобруваат.
Трамваите и тролејбусите денеска во Сараево престанаа да сообраќаат откако Електростопанство БиХ ја исклучи струјата за Градското сообраќајно претпријатие (ГРАС) поради долгови.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2013 година во однос на август 2012 година изнесува 101.6.
Наместо до 21 часот, од утре алкохолните пијалоци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот.