Минималната плата во Бугарија во 2021 година изнесува 332 евра, најниска во ЕУ. За споредба, минималната плата во Холандија е 1.684 евра, во Франција 1.554 евра, во Германија 1.614 евра, итн. Дури и во Хрватска, која влезе во ЕУ подоцна од Бугарија, минималната плата е поголема и изнесува 562 евра.
Поради зголемениот број на увезени случаи на заразени со коронавирус минатата недела, Словенија одлучи од 15 јули да ги смени критериумите за влез во земјата и повеќе нема да зависи од која држава доаѓаат патниците, туку само од нивниот ковид статус.
Пандемијата влијаеше на намалување на фондовите за награди, поради што беше намален и буџетот за Вимблдон, на којшто шампионот добива 2.399.520 долари, што е за 27,6% помалку одошто во 2019 година.
За само три месеци дигитализирани се над 35% од хрватскиот брег, што значи дека преку апликацијата е можно да се добијат локации и други информации за повеќе од 500 плажи во сите жупании.
Хрватската компанија Rimac Automobili ќе добие 200 милиони евра грантови од ЕУ за развој на робо - такси.
Хрватската народна банка во средата ги предупреди инвеститорите во криптовалути дека овие средства во моментов имаат карактеристики на шпекулативни инвестиции, во кои ризикуваат да изгубат дел или целата своја инвестиција, без да уживаат никаква правна заштита.
Невработеноста повеќе ги погодува жените од мажите, што ја покажува и стапката на невработеност од 21,4 и 13,6%.
Првата министерска одлука “Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица. 
Во следните две години се очекува во Бугарија да почне производството на електрични автомобили на германската компанија e.GO Mobile, изјави  бугарскиот технички министер за економија, Кирил Петков, на брифинг во Советот на министри.
Грчките здравствени власти се загрижени поради големиот скок на новозаразени со коронавирус. Тие рекле дека поголемиот дел од новите случаи се млади лица кои имаат активен социјален живот.
Немаме пари за уште една изолација и повеќе не можеме да и помогнеме на економијата со економски пакети, вели министерот за развој Адонис Георгијајадис.
Извршниот директор на Bugatti Rimac, Мате Римац, рече дека проектот за робо - такси треба да биде објавен наскоро и стотици милиони, ако не и...
Во последно време било забележано како туристички агенции од Индија продаваат пакети “карантин во Србија“ коишто траат три, 14 или 22 дена.
Со измените, работното време ќе биде регулирано со почеток најрано од шест часот наутро до најдоцна 21 часот навечер.
Компанијата на хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, станува мнозински сопственик на Bugatti Automobiles, а компанијата Rimac Automobili, станува Rimac Group поделена на две компании - Bugatti Rimac и Rimac Technology.
Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.
Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата, 14 март минатата година, кога имало 35.429.
Во јуни оваа година во Словенија се регистрирани 5.176 нови автомобили, што е за 21,16% или за 1.389 возила помалку одошто во јуни минатата година кога се продадени 6.565 единици.
Од хрватската компанија за производство на електрични автомобили, Rimac Automobili на Facebook го најавија “следниот пресврт во историјата на компанијата. Претставувањето е закажано за денеска во 20 часот по хрватско време.
Претседателот на италијанската покраина Венето, Лука Заја рекол дека просекото “мора да се брани на секое ниво“.
Од Министерството за животна средина на Грција, соопштуваат дека согласно студиите на европско ниво, 80-85 % од морскиот отпад пронајден на плажите во Европската унија е пластика, а 50 % се пластични производи за еднократна употреба.
Мотивите се објавени на веб-страницата euro.hr, а граѓаните можат да гласаат за мотивот што сакаат да го има на монетата.
Сите граѓани на Црна Гора, пак, кои биле вакцинирани со Sinopharm или Sputnik V, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно тестирање во Институтот за јавно здравје.
За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.