Доколку се има предвид дека потрошувачките цени во мај оваа година пораснале за 0,3% на месечно ниво, произлегува дека реалната плата во истиот период има пад од 0,1%.
Од февруари оваа година, кога било најавено вклучување во индексот, забележан бил значаен пораст на прометот на секундарниот пазар.
Од први јули 24 часа ќе работат копнените премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.
Нацрт националниот план подготвен од централната банка и Министерството за финансии треба да добие одобрување од владата по јавна расправа.
Најразлични ѕвезди и богаташи, меѓу кои кошаркарот Меџик Џонсон и австралискиот медиумски могул Џејмс Паркер се меѓу ѕвездите чии јахти се во Грција.
Луѓето кои не се целосно вакцинирани, сепак можат да влезат во ресторани, театри и кина, но ќе мора да покажат негативен брз тест, соопштија властите.
Покриеноста на увозот со извозот е 19,7% и е поголема во однос на истиот период лани кога беше 15,7%.
Иако во Хрватска доаѓаат луѓе од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, и од нив има сè помалку затоа што попрофитабилно им е и ним и на Хрватите да одат да работат во поразвиените западноевропски земји.
Терминалот според планот ќе ги снабдува земјите од Југоисточна Европа со природен гас.
Парите може да се искористат за хотелски резервации, траекти, авио билети, посети на музеи и концерти.
Студијата заклучува дека со оглед на тоа што поддршката на населението за демократијата обично е условена од личното богатство и од општиот економски напредок, како и поради отсуство на подобрувања во земјите од Западен Балкан, опстојуваат услови кои се погодни за самоволие на политичките водачи, безаконие и кражба на општественото богатство.
Мисија на ММФ што ја посети земјата на почетокот на јуни ја “критикуваше“ владата дека буџетскиот дефицит од 108 милијарди лека планирани на почетокот на 2021 година е висок и според нив 65 милијарди леки, околу 3,8 % од БДП, би била доволно земјата да се справи со последиците од пандемијата и катастрофалниот земјотресот, што земјата ја погоди на крајот од ноември 2019 година.
Иако со децении веќе не се продава на американскиот пазар, Yugo сè уште има обожаватели во САД.
Претседателот на управата за Sberbank, Херман Греф рекол дека целта им е да ја подигнат вредноста на компанијата и да излезат од нејзе без загуба во следните две години.
Недостатокот на работна сила станува се поочигледен во туризмот, бидејќи поради пандемијата, односно заклучувањето, дел од работниците се преквалификуваа, па според проценките на професијата, повеќе од 10.000 лица ја напуштија туристичката гранка.
Ќе се градат шест мостови долж Истанбулскиот канал, кој ќе се протега по европскиот дел на Истанбул, а на неговите брегови ќе бидат изградени два града.
Од минатата седмица, како што објави МИА, беа воведени две промени: можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест.
Министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, во Собранието објави дека вредноста на второто возило не е ни проценета, бидејќи сè уште го користи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Хрватска очекува да стане членка на еврозоната на почетокот на 2023 година и дотогаш има намера да ги исполни сите потребни критериуми.
Луѓето сега повеќе не сакаат да одат и да работат во странство. Тоа би го сториле 37% од граѓаните, што е тренд на опаѓање во споредба со минатата година
Иако цената на горивото се зголемува и на глобалниот и на регионалниот пазар во последните неколку месеци, пресметката покажува дека постои голема разлика помеѓу земјите во регионот кога станува збор за односот на платите и парите што треба да се издвојат за полнење на резервоарот.
Интерес за обврзниците покажале над 210 инвеститори.
Грчки медиуми јавија дека компанијата со седиште во Солун, ќе се обиде до 31 јули да најде решение со кредиторите и да успее во обидите за финансиска помош од државата.