Вкупните девизни резерви на крајот на септември оваа година беа на ниво од 2.699.000.000 евра или за 22,4 милиони повеќе во однос на претходниот месец.
Овој вид на кредит на секое семејство му овозможува потрошувачка над моментално расположливите средства.
Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во текот на септември.
Инфо линијата 0800 33 000 и линијата Пријавете неправилности, нема да бидат во функција, поради технички зафати на телефонската мрежа во Контакт центарот на УЈП.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до август оваа година, достигна 1.143.886.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
“РЖ Услуги ја заврши деловната 2015 година со загуба од 6.913.437 денари. Оваа загуба се покрива на товар на задолжителната општа резерва на компанијата“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Активата на банкарскиот систем, во вториот квартал од 2016 година, забележа пад од 1,5%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации.
Растот во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од 2% во 2016 година, под влијание на намалувањето на инвестициите, меѓутоа потоа постепено ќе закрепне и ќе достигне 3,3% во 2017 година односно 3,7% во 2018 година.
Во соработка со Хабитат кредитната линија, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.
Македонска берза организира уште еден отворен ден што ќе се одржи на петти октомври (среда) со почеток од 11 часот.
Вкупните депозити во август остварија раст од 2,5%, додека вкупните кредити во истиот период останаа непроменети, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули изнесува 22.334 денари, додека во бруто износ е 32.837 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со изработката на овие два филма, Народната банка заокружува уште една програмска активност во доменот на финансиската едукација.
Даночните услуги во скопските општини Илинден и Гази Баба ќе бидат достапни преку мобилните даночни шалтери, наместо како досега преку постојаните даночни канцеларии во општинските згради.
Се укинува суспендирањето од котација на акциите издадени од Топлификација и истите се враќаат на котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 20-ти септември.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка на правните лица, стои во соопштението.
Првичните податоци за август покажуваат раст на депозитите на населението, а голем придонес кон растот на вкупната депозитна база имаат депозитите на корпоративниот сектор.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Виолетовите потрошувачки кредити за физички лица, за Ризико виолетов и Промотивниот виолетов потрошувачки кредити со повеќе поволности до седми октомври оваа година.
Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, којашто беше предвидена за денеска.
На листата се наоѓаат физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупните девизни резерви на крајот на август имаа салдо од 2.676.600.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Меѓународното двојно оданочување може да се избегне или да се ублажи со еднострани мерки или билатерални договори.
За инвеститорите во хартии од вредност минатиот месец најатрактивни им беа акциите на Макпетрол, Комерцијална банка и Алкалоид, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.











