Во првото тримесечје од 2017 година, 73,6% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.
Јана и Александар Аневски од Скопје, добитници на наградата егзотичен одмор на Куба со купен дом од Адора инженеринг, на први ноември патуваат на 13-дневниот одмор на најпопуларниот карипски остров.
Програмата опфаќа двонеделен тренинг и една недела практична работа на реални проекти.
Основна цел на проектот BIMcert е унапредување и сертификација на професионалните вештини во модерниот градежен сектор, неопходни за енергетски одржливи градби.
Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 0,3%.
ФЕИТ беше домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW на којшто учествуваа 23 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.
Во недела (29-ти октомври) во три часот наутро завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Поради тоа, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад.
Претходниот рекорд, регистриран во изминатите 11 години од рестартирањето на рудникот, изнесуваше 210 денови.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 21,2%.
Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем, во текот на вториот квартал од оваа година, се зголемија за 8,1%.
LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) претставува графички програмски јазик, пред сé наменет за инженери.
Економските аналитичари очекуваат постепено забрзување на стапката на инфлација и на економскиот раст во периодот 2017- 2019 година.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 564.426 МWh електрична енергија, 22.137 мил. нм3 природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти.
Во Нахрани 1.000 се вклучија повеќе од 1.000 граѓани и 16 компании чии донации обезбедија повеќе од 16.000 оброци за граѓаните кои секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.
Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор на месечна основа се намалени за 4,4%, со изедначен придонес на денарските и девизните депозити.
Штедните влогови на секој штедач во висина до 30.000 евра во денарска противвредност се осигурани во Фондот и се безбедни.
Европскиот совет на инженерски комори (ECEC) го одржа 14-тото Генерално Собрание во Скопје, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
БДП годинава ќе има раст од 1,5%, следната година 3,2%, а во 2019 година 3,9%.
Во 2016 година, вкупното бруто примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.113.745 toe или 41,48% од вкупно потребната енергија.
Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења од програмскиот јазик Јава и поврзани технологии со истиот, како Spring, Spring Boot, Hibernate и Angular со помош на кои во текот на тренингот ќе изработуваат веб апликации.
Нафтената компанија Макпетрол денеска официјално ја пушти во употреба својата 127 бензинска станица лоцирана на магистралниот пат Струга – Дебар, во непосредна близина на крстосницата со Вевчани.
Вкупното бруто - примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.265.473 toe или 47,25% од вкупно потребната енергија.
Иновации и модернизирање на постжетвените активности, оценка на потрошувачите за различни типови биотехнологии во земјоделството, трендови во високото образование и науката, се дел од темите на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна во Охрид.