Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е зголемен за 2,9%, додека кај аутпутот зголемувањето е 1,5%.
Околу една третина од банките укажуваат на олеснети кредитни услови за одобрување кредити на претпријатијата во првото тримесечје.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се повисоки за 0,7% на месечно ниво, а за 4,9% на годишно ниво.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ќе работи на промовирање на кинескиот мега проект Еден појас, еден пат за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.
Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3,5%, а бројот на ноќевањата е намален за 3,2%.
Обучувачите се овластени да спроведуваат обуки од областа на техники за продажба и дистрибуција, управување со приходи и комуникација со клиенти според највисоките швајцарски стандарди.
Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,6%.
Во 2016 година, со 2.172 патнички автомобили се превезени вкупно 27.621.000 патници, од кои 23.761.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3.860.000 патници.
Во март оваа година се издадени 384 одобренија за градење, што е за 95,9% повеќе во однос на истиот период лани.
Во април, непосредно по неколку месечниот пораст, ликвидноста на банките умерено се намали, главно поради сезонски повисоката побарувачка за денарска готовина на населението.
Програмата се состои од девет предмети, кои се поделени на две нивоа, индивидуално и организациско и се однесуваат на личен и професионален развој.
Трошоците на живот во април оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а кај цените на мало има пораст од 0,1%.
Колективниот договор подетално ги уредува правата и обврските на работодавецот и вработените, отсуствата од работа, плата и додатоци, откажување на договорот за вработување...
Главната цел на програмата ќе биде едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.
Четири нови групирања на најмалку 1.000 хектари земјоделско земјиште со цел нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години.
Цените на угостителските услуги во април оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,8%.
Во 2016 година, побарувачката за кредити значително забави, а за прв пат по подолг временски период има значително забавување на побарувачката за кредити кај корпоративниот и кај секторот население.
На семинарот ќе присуствуваат повеќе од 60 странски делегати, декани на факултетите од техничкиот кампус, компании поддржувачи, како и алумни членови кои денес се успешни и познати во бизнис светот.
Измената на прагот на регистрација е направена во 2014 година, а почна со важење од први јануари 2015 година.
Целта на настанот е да се соберат средства што ќе бидат наменети за исполнување желби на тешко болните дечиња кои се лекуваат на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести.
Винарската визба Тиквеш заврши со исплатата на средствата за откупеното грозје од последната берба.
Во 2016 година, банките прикажаа за една третина повисок износ на добивка од работењето споредено со претходната година.
Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 0,9%.
Бројот на работници во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,1%.











