Бизнисмен кој сака да отвори фирма во Италија, тоа ќе може да го направи за еден ден, но ќе мора да има дури 2.100 евра, што е најскапа административна процедура во целата Унија.
На крајот, сепак она што е најважно е покрај велигденската трпеза да се собере семејството.
Најголема доза на песимизам покажаа финансиските директори од Словенија, каде никој не е подготвен да преземе ризик во идниниот период, а слично е и во Србија, каде на ризик се подготвени смо 7% финансиски директори.
Бугарија е земја со најниска цена на трудот во Европската унија за 2013 година – 3,7 евра за час. Најплатен работен час имаат Швеѓаните, 40,1 евра.
Според прогнозата што ја претстави комесарот за економски прашања и монетарна политика, Оли Рен, Македонија лани остварила раст од 3,2% на бруто-домашниот производ (БДП), што е идентично со Литванија, додека само Романија имала поголем раст, односно 3,5%.
Банките со седишта во земјите во еврозоната продолжуваат со повлекување на капиталот од своите подружници во скоро цела средна и југоисточна Европа.
По повеќемесечни преговори, во март 2013 година платите во јавниот сектор се намалени за 3%, што е најмало намалување во земјите што најсилно ги зафати кризата, пишува Јутарњи лист.
Според привремените, неревидирани податоци на Хрватската народна банка, добивката на банките пред оданочувањето минатата година изнесувала нешто помалку од 133,2 милиони евра, што е за 70% помалку во однос на добивката пред оданочувањето во 2012 година.
Компанијата DM drogerie-markt петта година по ред е избрана за најпосакувана компанија за работа во Хрватска. На второ и трето место се компанијата Müller и трговскиот ланец Lidl.
До сега странците во Србија инвестирале 20 милијарди евра, а во странски компании работат 95.000 луѓе.
Искуствата за корупција се разликуваат во сите 28 членки од блокот земји во ЕУ. Според извештајот, скоро сите компании во Грција, Шпанија и Италија веруваат дека корупцијата е распространета, а се смета за ретка појава во Данска, Финска и Шведска.
Србија во земјите од ЦЕФТА лани најмногу извезувала житарки, производи од нив, разни видови пијалоци, разни готови производи.
Прв на листата е генералниот директор на Нафтена индустрија Србија (НИС), Кирил Кравченко.
Граѓаните на Србија на крајот на 2013 година на банките и лизинг компаниите им должеле по 836 евра по глава на жител, изјави генералниот секретар на Здружението на банкари на Србија, Верољуб Дугалиќ.
Вработувањата во правниот, телекумуникацискиот, банкарскиот и воздухопловниот сектор се најпрофитабилни во државата.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија за 3% во 2014 година, што е за 0,3% повеќе од минатата година.
Осумдесет и пет најбогати луѓе во светот имаат богатство колку и 3,5 милијарди најсиромашни, односно половина од светската популација. Ова е податок од извештајот на Oxfam, мрежа на хуманитарни организации кои се борат против гладот.
Македонската економија ќе продолжи да расте со сличен интензитет како и во третиот квартал. Според Комитетот оцените и понатаму покажуваат дека растот на економијата нема да биде доволно силен за да може да предизвика поголеми нерамнотежи во економијата
Холандија е прва на листата на земји со најхранлива, најразновидна и најздрава храна, пред Франција и Швајцарија, а Македонија е на 36 место, се наведува во извештајот на Oxfam, меѓународна мрежа на хуманитарни организации кои се борат против гладот
Светската економија би требало оваа година да зајакне и да го забрза растот во земјите во развој и во високоразвиените земји по петгодишната економска криза, проценува Светската банка во објавената годишна прогноза.
Во првите три квартали од 2013 година, во Хрватска најмногу инвестирале компании од Австрија, 181,6 милиони евра, а следуваат Германија со 66,4 милиони евра, Луксембург со 45,1 и Италија со 40,9 милиони евра.
Просечниот годишен раст на потрошувачките цени во 2013 година бил 7,8%.
Просечната цена за квадрат во Загреб изнесува 1.565 евра, а најскапите квадрати се во централното градско подрачје, каде метар квадратен се продава за 2.202 евра.
По неколку изминати години што ги одбележаа кризата, финансиски пакети за помош и мерки на штедење, економистите, иако со претпазливост, конечно најавуваат дека доаѓаат подобри времиња.











