“Стопанска банка Битола остварената нето добивка по годишна сметка за 2015 година, во износ од 7.842.003 денари ја распоредува во законски резерви“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Нето добивката во износ од 35.066.208 денари се распоредува во резерви за реинвестирана добивка од причини што во текот на 2016 година се очекуваат зголемени инвестициони активности.
Од нераспределената добивка, се одвојуваат 6.479.325 денари за бруто дивиденда за акционерите, додека нето износот е 5.831.393 денари.
Компанијата ја доби наградата Кристално ѕвоно за постигнато второ место за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза за 2015 година и награда за постигнато второ место за котирано друштво со најголем остварен промет во изминатите 20 години од постоењето на Македонската берза.
Управниот одбор на Макпетрол го усвои Планот за работа во 2016 година, според којшто компанијата очекува да оствари добива од работењето пред оданочување во 2016 година во износ од 237,4 милиони денари.
За најтранспарентните котирани друштва на Македонска берза за 2015 година се избраа: Комерцијална банка (прво место), Алкалоид (второ место) и НЛБ Тутунска банка (трето место).
Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува 11.04.2016 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 12.04.2016 година.
Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 3,231% од номиналната вредност, односно 100 денари бруто по акција, стои во одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.
Комерцијална банка, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, на годишната конференција на Македонска берза, е добитник на неколку награди и признанија.
Се очекува повеќе од 22 членки на берзите од Бугарија, Хрватска и Македонија да се поврзат на оваа платформа, по што 387 акции ќе бидат достапни за тргување.
КХВ им даде согласност на Комерцијална банка АД Скопје , НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, како и на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга.
Македонска берза денеска ќе ја одржи годишната конференција, на којашто ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување СЕЕ Линк.
“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 32 денари по акција нето, односно бруто дивиденда од 35,56 денари по акција од акумулираната добивка до 31.12.2008 година“.
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 19-ти април 2016 година ќе врши исплата на дивидендата за 2015 година.
Акционерското друштво Велес Табак од Велес 2015 година ја заврши остварувајќи вкупна сеопфатна загуба од 8.817.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Агроплод од Ресен во билансот на успех за 2015 година, објавен на Македонска берза, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 17.208.000 денари.
Акционерското друштво Македонијатурист донесе Одлука за распределба на добивката за 2015 година, објавена на Македонска берза.
БИМ Свети Николе донесе предлог одлука за распределба на добивката од 2015 година, којашто е објавена на Македонска берза.
Акционерското друштво Силекс од Кратово минатата 2015 година ја заврши со добивка во висина од 53.773.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Нераспределената добивка на ТТК Банка по годишна сметка за 2015 година во износ од 38.128.862 денари, се распределува на дел за резерви од 2.822.142 денари и за дивиденда за обични акции во бруто износ од 35.306.720 денари
Фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.684.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Трготекстил АД Малопродажба од први јануари до 31-ви декември минатата година оствари загуба од 7.092.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Жито Караорман Кичево од 01.01. до 31.12.2015 година оствари добивка од 832.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
РЖ Интер – Траншпед, од 01.01. до 31.12.2015 година, оствари загуба од 14.697.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.











