Новости

Сметката за спас на презадолжените земји на евро-зоната: Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Ирска стаса, но таа се уште не е потполно затворена.
Побарувачката за нафта драстично ќе се намали со што Организацијата на земји – извознички на нафта (OPEc) ќе биде под притисок да го намали производството на нафта за неверојатни 31 милион барели нафта дневно, многу помалку од моменталното производство.
Водните соларни пумпи се новитетот што компанијата М-Лан Солар ќе го претстави на овогодинешниот саем Технома 2012 година. Причината за овој новитет се се поголемите трошоци на земјоделците кои ќе се намалат со употребата на овие водни пумпи.
Куповната моќ во Италија падна на најниско ниво од 2000 година.
Рецесијата во еврозоната ќе се зголеми во наредната година, додека бруто-домашниот производ БДП ќе се намали за 0,4%, наместо претходно предвидените 0,3%, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, кој ги намали претходните прогнози за оваа и следната година.
Oбуката за работниците, професионализмот и најсовремената технологија се клучните елементи за подобрување на квалитетот на производите за извоз.
И покрај економската криза, Грција и понатаму е балканската држава со најголем број милионери со богатство од повеќе од 30 милиони американски долари (23,2 милиони евра). Maкедонијa и Црна Гора се на 41-вото, односно 42-рото место.
Пакетот со три услуги Фиџ/Нет/ТВ ТОТАЛ, овозможува користење на фиксна телефонија, интернет и телевизија по апсолутно најниска месечна претплата на пазарот, веќе од 799 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август оваа година се издадени 272 одобренија за градење што е за 42,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во 2011 година во Италија се продадени вкупно 1,75 милиони велосипеди, што е за 2.000 повеќе од регистрираните нови автомобили. Велосипеди се продадени и за 10% повеќе отколку во 2010 година, додека бројот на нови регистрирани автомибили во истиот период е опаднат за 20%.
Од 10% до 17% поскапи ќе бидат свежото месо и месните преработки на МИК Свети Николе. Килограм свинско месо ќе чини 315 денари, додека јунешкото ќе се продава по цена од 475 денари.
Синдикалците изразија задоволство од донесувањето на Законот за минимална плата, преземањето мерки за обезбедување на пристојни услови за работа и зголемувањето на степенот на социјалната заштита.
Апликацијата овозможува од кое било место и во секое време да се направи проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки...
Се намалува трговската размена на Македонија со странство. Повеќе паѓа извозот од увозот на стоки. Обемот на трговската размена во август годинава, во споредба со истиот месец од минатата година се намалил за 26,2%. При тоа извозот паднал за 28,7%, а увозот за 24,6%.
Рачниот багаж кој не го собира под седиштето во авионите на нискобуџетната компанија Виз ер почна да се наплаќа, а цените се движат од 20 до 60 евра. Зголемувањето ќе важи за секој кој ќе си резервира билет за лет по 24 октомври.
НОВА Агробанка станува дел од Поштенска штедилница. Оваа банка што државата ја формираше после одземањето на дозволата за работа на старата Агробанка вбризгувајќи 100 милиони евра, сега треба да работи со системот на Поштенска штедилница.
Проектот коцкарници Еуровегас во Унгарија, која би требало да биде најголема инвестиција во туризмот, би требало да почне оваа година.
На ранг листата на Финанце Топ 101, најголеми и најбогати компании, словенечкиот фармацевтски гигант Крка беше најголема компанија според ранг листата на Финанце 101 , пред тоа оваа позиција ја имаше Меркатор.
Мерцедес во септември испорачал 123.358 возила, што е месечен рекорд.
Лидл веќе купил земјиште во нишката населба Дуваниште, во близина на Бриколаж и Меркатор, а претставниците на овој синџир маркети планираат да отворат уште неколку објекти во Ниш.
Централната банка објави дека штедењето во денари веќе почнува да доминира во валутната структура на депозитите, искачувајќи се на 50,7% учество.
Со стапка од 31,4% невработени од вкупното работоспособно население, Македонија се наоѓа на 21. место на ранг листата од 199 земји на Индекс Мунди.
Трајна примена на повластената стапка од 5% данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност, кои на предлог на Министерството за финансии биле усвоени од Владата.
Македонски Телеком во трговскиот центар Скопје сити мол го промовираше новиот продажен салон со најмодерни технологии, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација.