Новости

Телекомуникацискиот оператор Вип вчера лансираше нова веб страница, која според соопштението, е иновативна и лесна за користење.
По руската рубља, на официјалната курсна листа на Народната банка на Србија (НБС), наскоро би можел да се најде и кинескиот јуан.
Рејтинг агенцијата Standard and Poor’s го подигна кредитниот рејтинг на Грција за шест степени, поради “силната одлучност” на земјите од еврозоната да и помогнат да остане членка на монетарната унија.
Европската бизнис асоцијација додели признание на Адора Инженеринг, како и на генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за најдобро претпријатие од градежништвото и за најдобар менаџер од Македонија во 2012 година.
Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД) денеска ќе го промовира Тренинг центарот за спроведување обуки.
Градски Центар Сараево е наречен големиот проект кој ќе се гради во главниот град на Босна. Изградбата на овој центар ќе биде финансирана од Интернационалната Инвестициска Банка, инвестициска компанија со седиште во Бахраин и Al Shiddi Group, бизнис корпорација од Саудиска Арабија, специјализирана за конструкција.
Стечајната постапка за одделните ДООЕЛ-и на охридски ЕМО ќе биде привремено одложена, поради нецелосно доставените финансиски резултати до привремените стечајни управници.
H&M е втор по големина трговец со облека во светот, зад шпански Индитекс, а најголем дел од неговото работење отпаѓа на Европа, каде должничката криза и мерките на штедење ја придушија побарувачката. За разлика од H&M, шпанскиот трговец ја препозна важноста за ширење на пазарите надвор од Европа.
Според Државниот завод за статистика прометот во македонската индустрија во октомври 2012 година, во однос на истиот месец минатата година бележи намалување од 20.9%.
Една од најпознатите компании која овозможува плаќање по пат на интернет, PayPal, кон крајот на овој месец ќе ги затвори канцелариите во Хрватска.
Секоја година преку 32.000 луѓе ја напуштаат Србија, а најмногу од нив одат во Германија, околу 9.000. Австрија е втората ветена земја, а Словенија третата најпожелна “втора татковина” за Србите.
Сопственикот на Полиестердеј - Скопје, Филип Спасовски, беше избран најдобар претприемач на годината во категоријата мали претпријатија, додека втор во оваа категорија беше прогласен Сервет Ќазими, сопственик на млекарницата Сентис АГ.
Започна сериското производство на третата генерација на моделот “Октавија” на Шкода, а се очекува на европскиот пазар да стигне на крајот на јануари 2013 година.
Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, вчера на брифинг изјави дека две компании поднеле барање за сите три лиценци, додека една компанија била заинтересирана само за лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија.
Поради временските услови распоредот на вчерашните и денешните летови на аеродромот Александар Велики е променет, стои во соопштението на концесионерот на аеродромот ТАВ холдинг.
Во општина Штип започна постапката за формирање на ново јавно претпријатие за гасификација на градот и индустриската зона.
На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги подржува барањата на вработените во ОХИС.
Граѓаните на Србија плаќаат најевтина струја во југоисточна Европа, а електричната енергија во оваа земја е напола поевтина отколку во земјите во регионот, покажува мини истражувањето на агенцијата Анадолија.
Најбарани професии на босанско-херцеговскиот пазар на труд се оние што се врзани со ИТ секторот, односно најпожелни се дипломирани инженери по информатика, електроника и телекомуникации.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании е 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120.
Ниското ниво на инвестиции како и прекумерната задолженост на бугарските компании остануваат главни проблеми на бизнисот во 2012 година, а се очекува да се задржат и во текот на 2013 година.
Повеќето претприемачи во Хрватска сметаат дека нивната деловна ситуација е лоша (46,1%), со ситуацијата се задоволни 35,9%, а на оние на кои добро им одела работата во ноември се 18%, покажува Хендал – Лидеровиот индекс на деловен оптимизам (HLIPO).
Американскиот произведувач на козметика Авон во рамките на стратегијата за штедење ќе укине 1.500 работни места, што е околу 4% од вработените. Воедно, Авон ќе се повлече од два азиски пазари – јужнокорејскиот и виетнамскиот.
Во рамките на манифестацијата Претприемач на годината, Сојузот на стопански комори на Македонија денес ќе ги избере најдобрите претприемачи во земјава.