Во понеделник 27.01.2014 ќе се одржи второто извлекување од наградната игра Фискална во рака - Награда без мака, информира Државна Лотарија на Македонија.
Crowd-funding претставува нетрадиционален начин на собирање на средства за финансирање на иновативни идеи. Главен поддржувач во овој концепт е широката јавност која придонесува за реализација на иновативната идеја.
Американски AOL, во чиј состав се наоѓаат TechCrunch и Huffington Post, им понудил на основачите на Business Insider дури 100 милиони долари, меѓутоа тие ја одбиле понудата затоа што барале износ близу до 200 милиони долари.
Осумдесет и пет најбогати луѓе во светот имаат богатство колку и 3,5 милијарди најсиромашни, односно половина од светската популација. Ова е податок од извештајот на Oxfam, мрежа на хуманитарни организации кои се борат против гладот.
Во тек е одобрување на банкарски кредит за да се доисплати и дооткупи планираниот род на тутунот, соопшти генералниот директор на Прилепски тутунски комбинат, Александар Дерменџиев.
Хрватската компанија за преработка и производство на месни производи, Гавриловиќ, планира дел од производството да пресели во Србија, а еден дел е веќе преселен во БиХ.
Претставниците на овие компании се специјализирани во областа на корпоративни спојувања и аквизиции, како и инвестирање во странство и работа со најдобирите италијански стопански комори.
Согласно програмите за работа, во Велес ќе се продаде и околу 1.000 хектари земјоделско земјиште, кое е во државна сопственост.
Во рамките на урбаниот план Green Network, Хамбург планира за 20 години да ги забрани сите автомобили во центарот на градот.
Стопанската комора на Македонија ги советува домашните компании да го сменат пристапот за повлекување на што повеќе средства од фондовите на Европската Унија преку учество на конзорциуми и истражувачки центри.
Меркатор Хрватска планира да го следи примерот на својата матична куќа во Словенија и вишокот храна, односно храната чиј рок е пред истек, да ја дели на сиромашните.
Во март 2014 година минималната плата ќе се покачи на 8.800 денари, во март 2015 година таа ќе изнесува 9.590 денари, за во 2016 година да достигне 10.080 денари.
Фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, подготвува Владата на Република Македонија за следниот период.
Google на преземање на помали компании во последните две години потроши дури 17 милијарди долари, објави Блумберг. Покрај тоа, оваа компанија располага со готовински залихи од 56,5 милијарди долари.
Република Македонија, викендов учествуваше на два саеми за туризам и тоа на Виенскиот саем и на Нордискиот саем во Хелсинки
Во првата зона ќе се наоѓаат ексклузивни хотели и најголемиот трговски центар во Србија, во втората ќе се градат културни и спортски објекти, а во трета ќе има комерцијални објекти.
SEEUTech Park е Технолошки парк кој е прв од ваков вид во Македонија и пошироко. Отворен е на 15 Мај 2013 во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово.
Референдумот за изградба на новиот блок треба да се одржи пред завршувањето на редовниот мандат на актуелната влада, односно до 2015 година.
Дванаесет земјоделци од Тиквешкиот регион аплицирале за обезбедување трактори преку Програмата за рурален равој, а само еден поднел барање за реконструкција на склад за жито.
Денеска во Штип се отвора новата фабрика на Џонсон Контролс. Во неа се инвестирани 20 милиони евра.
Градежната компанија Адинг АД Скопје доби А-дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На футуристичките екрани инсталирани во кинескиот главен град, наменети за рекламирање на туристички дестинации, сега се прикажува виртуелно изгрејсонце.
Пролонгирање на имплементацијата на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински помагала побара Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки при Сојузот на стопански комори.
Агенцијата Fitch го намали кредитниот рејтинг на Србија од досегашниот BB- на B+, соопшти министерството за финансии.











