Брендот Volkswagen Kомерцијални возила ја одликуваше компанијата Порше Македонија со престижното признание „Импортер на годината за 2012”.
Производи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и други земји од регионот стигнаа на пазарот на Блискиот Исток, во супермаркетот ЕуроБалкан шоп, кој деновиве свечено беше отворен во Дубаи.
Од Стопанската комора на Македонија на вчерашната прес-конференција посочија дека месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90% говедско и 50% свинско месо.
Новиот закон за индустриски зелени зони овозможува формирање на индустриски и зелени зони во единиците на локална самоуправа со основна цел да се забрза економскиот развој на општината со привлекување странски и домашен капитал.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%.
Раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика оценија дека економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари 2012.
Во јануари годинава од Македонија извезени се производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезена е стока со вредност од 497.227.000 долари.
Во селото Слепче во Демир Хисар, викендов беше отворена фабрика за производство на балетски обувки и опрема од страна на руски инвеститори.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 година изнесувала 31.466 денари и била за 0,4% поголема во споредба со декември 2011 година. Износот, пак на нето платата бил 21.469 денари.
Од АД Електрани на Македонија соопштуваат дека состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода внимателно се следи и се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.
Делегација на Светската туристичка организација, која функционира во рамки на Обединетите нации, денес и утре ќе го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Според оценката на раководителите, eкономската состојба на деловните субјекти во јануари 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2012 година
Тестираното млеко и млечните продукти произведени во Македонија, кои се во продажба, се безбедни за употреба.
За поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава се наменети вкупно 64 милиони евра, 54 милиони евра од Европската унија, а останатите се обезбедени од државниот буџет. Досега се распределени 14 милиони евра за тековни проекти.
Европската Унија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, ќе ја финансира реконструкцијата на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово.
Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави Ставрески.
Првата седница на македонската делегација на меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, предводена од министерот за економија Ваљон Сарачини, ќе се одржи денес и утре во Будимпешта.
Според цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, трошоците на живот во јануари се зголемени за 0,3% во споредба со декември минатата година.
Стопанската комора на Македонија денес одбележува 91 година од основањето, како партнер и застапник на деловните интереси на стопанството во Република Македонија.
Oткако беше формиран Комитетот за стечај, Владата усвои план за суштинска реформа на законодавството за стечај.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати измените на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во прво читање и ги проследи на натамошно читање.
Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2% од територијата на Република Македонија.
Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година.
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.