Најголема опасност за мелниците во Македонија, како што се наведува, е нивната неконкурентност или неможност да конкурираат со цените на брашното од увоз, со што директно се загрозени и земјоделците.
Учесниците на семинарот ќе присуствуваат на предавања и во мешани тимови, ќе ги склопуваат своите роботи, ќе ја развиваат нивната вештачка интелигенција и ќе ги подготвуваат за финалниот натпревар.
Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,5%, додека пораст од 0,6% има кај цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Петнаесет мали бизниси досега добиле грантови преку Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи од неговото почнување со работа во март минатата година.
Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до април оваа година, изнесува 647.815.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Целта на презентацијата беше да се запознаат заинтересираните кандидати со веќе успешни практики во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма.
Во првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за првото тримесечје од 2014 година, се пониски за 0,1%.
Децата и Четко Четковски, во рамки на кампањата Патот кон здрави заби продолжуваат со учењето како да ги заштитат своите запчиња. Следното дружење ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот на плоштадот Филип Втори Македонски во населбата Автокоманда, каде ќе се игра Куглање.
Втората меѓународна Конференција за климатски промени ќе ги охрабри напорите за соработка во решавањето на климатските промени, ќе поттикне размена на најдобри практики и ќе ја промовира на употребата на методологијата Зелената агенда.
По повод 10-ти јуни, последниот училишен ден и почеток на летниот распуст, трговскиот центар Рамстор за сите ученици подготвува одлична програма.
На бизнис средбата ќе се разгледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка и ќе се расправа и за предлог мерките за поддршка на бизнис секторот, за инфраструктурното поврзување.
За исполнување на барањата за да се реализира извозот, како и за создавање заштитни механизми за злоупотребите со увоз на земјоделски производи во Русија со лажни македонски сертификати, денеска е потпишан Меморандум.
Во текот на изминатите 10 години, преку Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, финансирани се вкупно 99 проектни иницијативи низ целата земја во области како што се зачувувањето на биолошката разновидност.
Концептот Спорт Сити е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење.
Вино, маслиново масло и прехранбени производи од девет италијански компании од сите региони во Италија, кои сè уште не се застапени на македонскиот пазар, ќе бидат претставени денеска во музејот Порта Македонија.
Под мотото Филмови на големото срце ќе се одржи првото издание на меѓународниот филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест, во периодот од 5 до 7 јуни 2015 година во Кинотека на Македонија, во организација на ДКЦ Тинтири Минтири, Аурипигмент продукција и Кинотека на Македонија.
Рамковната програма за истражување и иновации (2014-2020) - Хоризонт 2020 е финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржуваат истражувањата и иновациите, со крајна цел поголем економски раст, креирање на нови работни места и зголемена конкурентност.
Средствата ќе бидат наменети за зајакнување на позицијата на Неотел преку намалување на оперативните трошоци, проширување на оптичката мрежа и подобрување на услугите кон клиентите.
Семејството живее во соба од пет метри квадратни, со многу влага и нехумани услови за живот.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), заедно со Бизнис центарот на Скопски плански регион денеска организираат заеднички настан Маркетинг, брендирање, иновации - Холандски програми за поддршка на мали и средни претпријатија.
Главен акцент на Деловниот форум ќе биде ставен на можностите за соработка во областа на земјоделството и прехранбената индустрија, со цел натамошно зајакнување на соработката во оваа област.
Стапката на слободни работни места, во првото тримесечје од оваа година, е 1,49%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Банките продолжија да го поддржуваат економскиот раст преку натамошно зголемување на кредитната активност, којашто на крајот на март е над очекувањата со октомвриската проекција.