Од скопскиот аеродром Александар Велики директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе има директен лет до Базел, исто така два пати неделно.
Од 5-ти до 14-ти јуни, граѓаните ќе имаат можност да заштедат, а во исто време реновираат, преуредат, или изградат својот дом.
Здружението на дерматовенеролозите на Македонија ја започна превентивно здравствената кампања Еуромеланома 2015, за рано откривање на меланом и други кожни карциноми.
Акциите на Жито Скопје АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Македонска берза, почнувајќи од трети овој месец.
Inner Wheel клубот од Скопје, деновиве во М6 Едукативниот Центар ја прослави десет години од своето постоење.
Со оваа емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 година до 31 јануари 2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 14,8%, а реално за 0,7%).
Трговскиот центар Рамстор и Млекарата Здравје Радово го одбележуваат Светскиот ден на млекото и децата. По тој повод на први јуни, со почеток од 12 часот до 18 часот ќе започне млечната забава за најмалите.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, денеска го одбележа проширувањето на иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка.
Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во април оваа година, на месечно ниво се повисоки за 0,4%, додека се пониски за 3,9% на годишно ниво.
Во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 2.090.000.
Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии е наслов на проектот кој денеска ќе биде промовиран во Скопје.
Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи намалување од 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Енергетската сигурност подразбира редовно задоволување на побарувачката на енергија при одржливи, еколошки прифатливи услови и цени кои не го забавуваат економскиот развој.
Се очекува на манифестацијата да се дискутира и за тоа како да се зголеми приносот и квалитетот на пченицата и да се намалат трошоците за производство.
Најголем број на новосоздадени, но и на зграснати претпријатија, во период од 2009 до 2013 година, има во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.
Инспекторите и сите оние кои сакаат да бидат инспектори ќе треба до јули следната година да полагаат испит со што ќе се стекнат со шестгодишна лиценца за работа.
Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, на 19 и 20 мај, во Амстердам, Холандија, го претстави својот асортиман на производи на еден од најголемите светски саеми PLMA World of Private Label.
Вкупната потрошувачка во март оваа година, во Македонија, по видови енергенти изнесува: 798.215 МWh електрична енергија, 14.327 мил. nm3 природен гас, 620.827 тони јаглен и 69.860 тони нафтени продукти.
Меѓу Македонија и Србија потпишан е протокол со кој е договорено за годинава да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји.
Светски познатиот научник и професор по кибернетика, д-р Кевин Ворик, од денеска е почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causae) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
До крајот на Наградната игра на векот на Т - Мобиле, којашто трае до 30 мај, останува да се додели уште луксузниот Порше Кајман.
Бројот на паркиралишта и гаражи во текот на 2014 година, во однос на истиот период претходната година, бележи зголемување од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.