Кованите пари за колекционерски цели Близнаци и Рак, од серијата Хороскопски знаци, се издадени и пуштени во оптек, се наведува во соопштението на Народна банка на Македонија.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во првото тримесечје од оваа година, се повисоки за 22,9% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Македонија, во изминатиов период, се случија два големи натпревари од областа на софтвер, иновации и напредни технологии: CodeFest и StartUp Weekend.
Претставници на банкарскиот сектор ќе ги презенираат условите и можностите за кредитирање кои се достапни за микро, мали и средни претпријатија.
Следните средби со граѓаните ќе ги направат семејните лекари во Велес на 20.05, во Кочани на 21.05, во Битола на 22.05 и во Тетово на 23.05.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2015 година изнесува 63% од нормалното искористување.
Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол, секој четврток, од 10 до 22 часот, почнувајќи од 21-ви мај.
Поевтинувањето на разговорите е за 73%, додека цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за речиси 90%, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5,6 денари за порака.
Стипендиите се доделени врз основа на резултатите кои учениците ги постигнаа на тестовите по англиски јазик, математика, есејот на зададена тема, како и на интервјуата со комисијата.
Ќе се разговара за бројни теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и како со регулаторни мерки и помош да се поттикне развојот на нови технологии и нови услуги за сите корисници на оваа индустрија.
Продажните цени на производителите на индустриски произоди, во март оваа година на месечно ниво се повисоки за 0,2%, додека на годишно ниво се пониски за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 13,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
ТАВ Македонија најавува дека од вторник на аеродромот Александар Велики во Скопје ќе воведе автоматизирано плаќање паркинг и цените ќе останат исти.
Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 6,1%, а кај аутпутот е зголемен за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.
Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велосипеди или други вредни подароци.
Атрактивно намалување на цени ќе има од 15 до 17 мај на производите на Coincasa и @Home. Декоративните елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел, ќе бидат на попуст до 70%.
На Матка, во сабота 16.05.2015, од 12 до 14 часот, Четко ќе се дружи со децата во рамки на кампањата на Лакалут „Патот до здрави заби“.
Проектот промовира еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и цели кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.
По повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество (17 мај), Факултетот за електротехника и информациски технологии организира работилница насловена како FutureComNet2015.
Како што соопштуваат од Агенцијата, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15% за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото тримесечје од оваа година е 2.794.547.000 денари, што е за 46,8% помалку во однос на истиот период лани.
Бројот на прелети над Македонија во првите четири месеци од 2015 година се зголеми за 27,6%, во однос на истиот период лани.
Организаторот на Виз Ер Скопски Маратон, поради откажувањето на манифестацијата, овозможува повеќе начини за оддолжување на сите учесници.