Целта на саемот е да се поврзат младите луѓе со компаниите кои работат на обновлива енергија и универзитети кои нудат студии од оваа област.
Градежниците бараат пролонгирање на примената на повластената стапка од 5% при првиот промет кај станбените згради и станови.
За организаторот Игор Димовски, особено задоволство е да се организира ваков хуманитарен концерт, посебно кога со тоа помагате во привремено решавање на станбеното прашање на седумчленото семејство Кочоски.
Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и Крива Паланка.
Цените во земјоделството во мај оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот се намалени за 4,9%, додека кај аутпутот има зголемување од 12,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од оваа година, бележи раст од 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристи во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 17,6%, а бројот на ноќевања е зголемен за 10,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока, што се одржа во Бон е договорена прелиминарна квота дозволи за следната година, која е поголема за 1.200 дозволи или за 18% повеќе од досегашната.
Деловните субјекти, коишто се занимаваат со градежна дејност, во текот на 2014 година, извршиле градежни работи во вредност од 24.909.016.000 денари.
Податоците се достапни и за граѓаните, а може да ги користат и приватните компании за свои потреби и за создавање нови производи со додадена вредност во комерцијални цели.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) оствари договор за интернационално поврзување со претставници на бизнисот од најголемите светски компании на пет континенти.
Македонската економија годинава според најновите проекции на Светска банка ќе има раст од 3,5%, следната 3,8%, а во 2017 година ќе достигне 4%.
Индивидуалните сопственици, во текот на 2014 година, извршиле градежни работи во вредност од 9.904.920 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кредитниот пазар во мај забележа солиден раст на кредитите на месечна основа, додека годишната стапка на раст на вкупните кредити е 9,5%, што е над проекциите.
Конференцијата е посветена на промоцијата на стратешкото донирање, а особено на соработка меѓу граѓанските организации и бизнисот.
Првиот авион на нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air со 133 патници од Лондон вчера попладне слета на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле.
На вкупно 70 години е продолжен рокот за користење насади со лешници на државно земјиште, со цел да се стимулираа земјоделците за долгорочно производство на ова растение.
Советување на тема Значењето на термоенергетиката на јаглен за енергетските системи на Македонија, со посебен осврт на РЕК Осломеј.
Во април оваа година се издадени 210 одобренија за градење, што е за 2,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Аква паркот, во рамки на спортскиот центар Борис Трајковски, ќе се отвори утре на пладне.
Стапката на невработеност во првото тримесечје од оваа година е 27,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Нови 400 бизниси ќе бидат финансирани од Владата со грант од по 201.000 денари во рамките на Оперативниот план за активни мерки за вработување преку Програмата за самовработување.
На настанот беа презентирани можности за финансирање на микро и малите претпријатија од страна на трите финансиски институции со различни финансиски производи и услови за истите.
Во просториите на Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денеска се одржаа презентациите на финалистите на натпреварот за избор на најдобра бизнис идеја.











