Се овозможува и вклучување на небанкарскиот сектор во процесот на снабдување со готовина и поттикнување и создавање конкурентни услови на пазарот за обезбедување готовински услуги.
Здравје во твои раце е неколку часовно дружење на сите велосипедисти, рекреативци и сите оние кои имаат желба за спортување и здрав начин на живеење.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 81,2% во бруто домашната
потрошувачка на електрична енергија.
Како и секоја година, читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите Хитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман.
Оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност (преку стекнување на вештини) и способност за побрзо наоѓање работа.
Од дебатата се очекува да се извлечат позитивни заклучоци во насока на што поголемо и успешното имплементирање на иновациите што е клучно за еден бизнис да може да ги унапреди своите процеси.
Право на учество на повикот имаат сите лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани како ресторани. Вкупната вредност на повикот е 1.000.000 денари.
Тркалезна маса на тема Невработеноста кај младите во Република Македонија - Социјална инклузија на ранливи групи на млади ќе се одржи денеска во Битола.
Учесниците разговараа за разликите меѓу лидер и менаџер, клучните вредности што треба да ги поседува лидерот, колку е важно за еден лидер да знае да ги мотивира своите вработени, дали лидерот треба постојано да учи и дали е тоа карактеристика на лидер.
Претставници на 16 млади компании чии проекти беа избрани на првиот конкурс за кофинансирани грантови на старт ап и спин оф претпријатија и иновации распишан од Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпишаа договорите со Фондот.
Земјите од Западен Балкан треба да работат на заеднички инвестициски проекти, пред сè во областа на инфраструктурата, енергетиката и образованието за да обезбедат поголем економски раст.
Трговскиот центар Рамстор, во соработка со издавачките куќи и книжарници организира четиридневен Летен саем на книга.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај оваа година, е за 2,1 процентни поени повисок во однос на претходниот месец.
Македонско - германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија вчера го прославија своето 15 годишно работење во Македонија.
На територијата на Република Македонија, во текот на 2014 година, се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Настанот се организира со цел афирмација на почнатата туристичка сезона, да се претстави туристичкиот производ од Македонија и можноста за зголемување на бројот бугарски туристи.
Ваквото решение се воведува поради тоа што македонскиот пазар е многу мал за да го апсорбира целокупното градинарско производство и мора да се наоѓаат пазари надвор од Македонија.
Целта на конференцијата е стопанските субјекти да се запознаат со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Република Македонија.
На Булеварот ќе можат да се најдат 60 нови наслови, совршени за претстојното лето, каде секој ќе може да навлезе во светот на своите омилени ликови под некоја длабока сенка додека сонцето пишува нови страници.
Се бираше најдобрата винска приказна, лого, дизајн на вински етикети, маркетинг план и слоган за три виртуелни винарии.
Seavus Едукативниот и Развоен центар веќе шест години успешно работи на пазарот преку трите академии: дизајн, програмирање и мрежни инженери. Во својата категорија на академии преставува предводник и лидер на пазарот.
Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Истражувањата направени на Институтот за хемиско и контролно инженерство на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, уште еднаш потврдија дека цврстиот и течен органски отпад во Македонија може да најде своја соодветна примена преку негова конверзија во високо калорично гориво.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,1% на месечно ниво.











