Народната банка на Република Македонија засега не планира дополнителни мерки за заштита на македонските банки од грчката криза, изјави гувернерот Димитар Богов.
Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, се повисоки за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до мај оваа година, изнесува 775.432.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.
Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи, која денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест објавува отворен повик за аплицирање за годинешното петто јубилејно издание на фестивалот, кое ќе се одржи во периодот од 5-ти до 8-ми ноември 2015 во Скопје.
УСАИД учествува со 200.000 долари, а Министерството за земјоделство ќе обезбеди дополнителни 800.000 долари. Со овој гарантен механизам, УСАИД и Министерството споделуваат дел од ризикот на банките и со тоа им овозможуваат почесто и со поголема доверба да ги кредитираат земјоделците.
Сите граѓани кои патуваат преку граничниот премин Табановце кон земјите каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, ќе ги добијат сите потребни информации за начинот на користење на роамингот.
Конференција по повод започнувањето на Твининг проектот Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика
Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој во Македонија денеска ќе потпишат договор за соработка.
Македонските извозни компании од денеска ќе може само со еден транзитен документ да се движат низ 34 земји од ЕУ, ЕФТА и Турција.
Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу четири милиони евра.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.
Во трговијата на мало, во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун.
Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја објави одлуката за новата цена на електричната енергија.
Трговскиот центар Скопје Сити Мол и оваа година го организира настанот Late night shopping, којшто ќе се одржи на трети и четврти јули.
Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во мај оваа година, се повисоки за 0,2% на месечно, а пониски за 4,2% на годишно ниво.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата
Материјали за врзување со 3.133.427.000 денари (34,4%).
Четиридневната програма на Летниот саем на книга предвидува до 70% попуст на некои од изданијата, дружење со познати автори и промоции на дела.
Давателот на услуга во воздухопловна навигација во Македонија М - НАВ се стекна со право да учествува на тендер за обезбедување централизирана услуга на Евроконтрол за примена на програмата за Единствено европско небо.
Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од 29 јуни до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе ги презентира мерки што ќе се преземат за производителите на градинарски производи.











