Ликвидноста на домашните банки под влијание на автономните фактори во јуни забележа умерен раст, наспроти претходните три месеци кога автономните фактори влијаеја врз намалување на ликвидните средства во банкарскиот систем.
Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На вкупно 6.446 сточари им се исплатени 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Индексот на цените во земјоделството во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,9%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 2%.
Во ХЕЦ Шпилје во првата половина од оваа година се произведени 187 милиони киловат часови, што е 20% повеќе во однос на тој период минатата година.
Американската компанија Key Safety Systems (КСС) денеска организира свеченост по повод реализацијата на инвестицискиот проект во изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево во село Србјани.
Граѓаните ќе можат еден билет да користат возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП.
Тимовите од пет натпреварувачи ќе играат според регуларните правила за мал фудбал, координирани од судија, со таа разлика што на себе ќе носат бабл топки.
Бројот на туристи во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,4%, а бројот на ноќевања е намален за 0,1%.
Винарската визба Тиквеш е еден од ексклузивните спонзори на годинешното јубилејно 55-то издание на Охридско лето.
Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат и уживаат додека се на градската плажа во Дојран.
Бројот на членови во вториот столб во текот на 2014 година се зголеми за 6,6% во однос на 2013 година и изнесува 373.000 членови, што е 70% од вкупниот број на осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Два предложени проекти на Македонија за гасно енергетско поврзување со земјите од Централна и Југоисточна Европа се вградени во регионалната иницијатива CESEC.
Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членки на Сојузот на стопанските комори (ССК).
Во мај оваа година се издадени 186 одобренија за градење, што е за 4,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стопанската комора на Македонија (СКМ) во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија денеска организира деловна средба.
Инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот благодарение на странските директни инвестиции во зоните и високиот кредитен раст остануваат главен двигател на економскиот раст на земјава, заклучува ММФ.
Со измени на 30 закони органите на државната управа, судовите и единиците на локалната самоуправа ќе имаат обврска електронски да се поврзат со Агенцијата за катастар на недвижности.
Вкупните девизни резерви заклучни со јуни се во вредност од 2.254.800.000 евра, што е за 73,7 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, кога резервите беа на ниво од 2.328.500.000 евра.
Дводневна конференција на тема Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција се одржува во Охрид.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во струмичкото село Добрејци ќе организира теренска посета на насад со домати во сопственост на земјоделец кој е корисник на проектот.
Трошоците на живот во јуни оваа година, во однос на претходниот месец останаа на исто ниво, додека кај цените на мало има намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Сигурно ќе има откажување на нарачките поради актуелната ситуација во Грција, меѓутоа ниту Европската унија ниту Грција нема да дозволат да се случи нешто поголемо.
Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за Македонски железници Транспорт ад Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ.