Придонесите за хонорарците се укинуваат од први август 2015 година.
Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цената на становите во Македонија и покрај условите за намалување ќе остане непроменета и во наредниот период.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се пониски за 0,2% во однос на претходниот месец, односно 4,2% во однос на истиот период лани.
Над 60% се искористени средствата од 4-та кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија.
Ликвидноста на банкарскиот сектор во јуни бележи намалување на месечно ниво, се наведува во Извештајот за најновите макроекономски показатели за јули на Народна банка на Македонија.
Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест.
Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think Скопје во партнерство со Општина Крушево, го организираше саемот на домашни, традиционални и еколошки производи од Крушево.
Годинава пченицата се сеела на површина од 12.820 хектари, од кои најголем дел сееле индивидуалните земјоделци на 10.820, а претпријатијата на површина од 2.000 хектари.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 590.609 МWh електрична енергија, 3.088 мил. nm3 природен гас, 436.763 тони јаглен и 75.563 тони нафтени продукти.
Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалуваат казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени ССК.
На вкупно 1.550 земјоделци денеска им беа исплатени субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари.
Адреналинскиот спортски настан, Цевитана Bubble Football ги одржа првите натпревари во Струмица и Дојран од 15-ти до 19-ти јули.
Младинско учество е темата за конкурсот за разгледници на Y-PEER Македонија за кој младите до 29 години треба да земат учество најдоцна до 05 август.
Кон крајот на овој месец ќе биде објавен уште еден јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година.
Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој.
На седницата одржана денеска со која претседаваше претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска донесено е Решение со кое понудата за преземање на акциите издадени од Жито Караорман АД Кичево дадена од страна на Сретен Миладиноски се утврдува како успешна.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2015 година е за 1,7 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2014 година е зголемен за 6,6 процентни поени.
Единствено овој викенд, ќе се случува голем Аутлет хепенинг со Sport Vision. Се најавува голема распродажба на летните колекции со попусти од 30% проследена со ниски цени, забава, музика и многу награди.
Кампањата со рани попусти за упис трае да 20 август.
Капитално финансираното пензиско осигурување оствари значително побрз раст во однос на банкарскиот систем и осигурителниот сектор.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај оваа година се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонски извршни директори, менаџери и претставници на бизнис секторот, предводени од Македонија 2025, остварија работни посети во околу 15 канадски компании.
Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе бидат презентирани состојбите од првата инспекциска контрола, којашто ја спроведува стручен тим на Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор.











