Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември оваа година, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,3% на годишно ниво.
Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,6%.
Јавниот повик трае седум календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22.11.2017 година и ќе биде реализиран по принципот “прв дојден прв услужен“.
Емил Милев, директорот на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, е избран за заменик претседател на Советот за товарен транспорт на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во третото тримесечје од оваа година, се намалени за 7,7% во однос на истиот период од претходната година.
Во третиот квартал на 2017 година се забележува натамошно нето – зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 3,2% на 1,9%.
Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата, која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и којашто истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca - Cola.
Среда, 15- ти ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, којашто ќе трае сѐ до 15 март наредната година.
Бројот на туристите во септември 2017 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 23,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23,1%.
Во септември оваа година се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Европската комисија предвидува Македонија оваа година да ја заврши со економски раст од 1,7%. За следната 2018 година, ЕК предвидува раст од 2,7%, додека за 2019 година проекциите покажуваат пораст на БДП за 3,2%.
Граѓанските организации од Македонија ќе добиваат мали грантови за реализација на активности кои ќе поддржат креирање инклузивна средина за децата Роми во образовниот процес во девет општини во државата.
Трошоците на живот и цените на мало во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,3%.
Властите на главниот град објавуваат препораки поради загадениот воздух во Скопје.
Во брошурата ги има сите информации што се задолжителни на прехранбените производи и дава насоки како потрошувачите треба да постапат доколку забележат недоследности во означување на производите.
Ако сакаме да го менуваме светот преку бизнисот, тогаш мора прво да размислиме како најдобро да го промениме бизнис светот.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво.
Народната банка на Република Македонија направи надолна ревизија на очекуваната стапка на раст за 2017 година од 2,5% на 0,5%, додека стапката за 2018 година останува на ниво од 3,2%.
На конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb ќе бидат претставени резултати од истражувањето за вкупниот пазарен потенцијал во Македонија и анализата за интернет продажба на производи за широка потрошувачка.
Со зголемување на акцизата и пресметаниот данок на додадена вредност, цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари.
Во трговијата на мало, во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива.
Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во септември се задржа на ниво од 5,4%, идентично како и претходните два месеца, додека на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,6 процентни поени.
Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,3%.