Се подготвуваат измени на Законот за извршување коишто ќе бидат во насока на поголема ефикасност на извршувањето.
Станува збор за апликација што на корисниците им овозможува да дознаат каде во нивна близина може да набават или да консумираат органска храна.
Цените во земјоделството во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 0,1%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,6%.
Микропретпријатијата со помалку од 10 вработени доминираат (90,3%), а речиси половината од нив се од областа на трговијата во 2016 година.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2017 година е за 0,1 процентен поен повисок во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2016 година е зголемен за 1,4 процентни поени.
Тимовите од максимум пет членови од ромска етничка заедница, кои се заинтересирани да учествуваат, потребно е да аплицираат онлајн, со пополнување на кратка апликација за нивната бизнис идеја за социјално претпријатие, најдоцна до 20.10.2017.
Прометот во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 4,6%.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен е за 0,9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно ниво, а за 2,7% на годишно ниво.
Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4%.
Намалување на депозитната база на банките на месечна основа е предизвикано од падот на корпоративните депозити, додека штедењето на населението продолжи да се зголемува.
Индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2017 година е еднаков како и во второто и изнесува 10,9%, а зголемен е за два процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Во август 2017 година се издадени 232 одобренија за градење, што е за 6,8% помалку во однос на истиот месец од претходната годинa.
Трошоците на животот и цените на мало во септември 2017 година во однос на претходниот месец се на исто ниво.
Производителот на сокови Вивакс со познатиот бренд Вива, се претставува на најголемиот саем за храна и пијалаци Ануга, којшто се одржува во Келн, Германија.
Рокот за поднесување на барање за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко, во период од мај до септември оваа година, е до петти ноември.
Повикот за апликации ќе биде објавен во средината на ноември на веб страната на проектот, социјални медиуми и ќе бидат организирани инфо средби.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели.
На граѓаните на Скопје, кои се приклучени на системот за централно греење, од утре ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика.
Адора инженеринг доби сертификат Коректна фирма за беспрекорна репутација и одлична етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите.
Цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во споредба со август 2017 година, се намалени за 0,1%.
На форумот претставниците од Dell ги претставија најновите пронајдоци и иновации на компанијата, нови платформи, клауд системи и технологии што се доказ дека веќе живееме во ера на дигитална трансформација и виртуелна реалност.
Social impact award се доделува трета година по ред, а од Шпаркасе Банка Македонија, покровители на настанот, силно веруваат дека овие идеи ќе направат видлива промена и ќе бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.
Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија, на штедилницата Мак БС од Скопје ѝ е одземена дозволата за основање и работење заради нејзина преобразба во финансиско друштво.











