Најголем број на слободни работни места, односно 2.357, има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1%, а реално за 0,6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17,3%, а реално за 6,9%).
Со новиот тарифник лицата кои нерегистрирано вршат дејност ќе треба да го регулираат работењето согласно законите за забрана за вршење на нерегистрирана дејност и за вршење сметководствени работи.
Новата стратегија има за цел да продолжи со поддршката во следните четири години преку практичен пристап фокусиран на резултати.
Бројот на работници во индустријата, во април оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,5%.
Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 1,9%.
Во 2015 година се регистрирани 6.877 новосоздадени претпријатија што претставува 10,3% од вкупно активните претпријатија во Република Македонија.
Ивана и Јован Трајкови од Дедино, Општина Конче, се вратија на семејното огниште, вселувајќи се во нов дом којшто на место на старата куќа што целосно изгоре во пожар минатиот декември, им го изгради и подари Фондацијата Ванчо Чифлиганец.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во април оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво и за 0,3% на годишно ниво.
Настанот насловен Agile Best Practices беше отворен и бесплатен за сите заинтересирани и публиката слушна предавања на темата на агилниот софтверски развој.
Бројот на превезените патници е зголемен за 1,4%, во градско - приградскиот превоз за 6,9%, во воздухопловниот превоз за 7,1%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 38,6%.
Народна банка на Република Македонија (НБРМ) очекува растот на економијата во 2017 година да биде 2,5%, а во 2018 да изнесува 3,2%.
Бруто - домашното производство на електрична енергија учествува со 65,3% во бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија.
Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.
Млади од 13 до 22 години од основните, средните училишта и факултетите заклучно со (утре), 22 мај 2017 година имаат можност да се борат да влезат во финалето на овој натпревар.
Кај вкупните кредити на корпоративниот сектор во април е забележано месечно зголемување од 0,4%, коешто произлегува од растот на кредитите одобрени во денари.
Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во првото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,5%.
Вкупното количество на користена вода во 2015 година изнесуваше 4.281.000.000 метри кубни. Од вкупно испуштените води, пречистени се 0,4%.
Во текот на 2016 година, 795.089 лица биле вклучени во процесот на неформално учење. Од нив 52% се мажи, додека 48% се жени, а најголемо учество во овој процес на учење е забележано кај лицата на возраст од 25 до 34 години.
Со поставување на налепници Left - walk, Right – stand, се укажува на тоа како треба да се користат ескалаторите со цел полесно и побрзо движење во трговските центри.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2017 година, во однос на првото тримесечје од 2016 година, е намалено за 45,8%.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во првото тримесечје од оваа година, се намалени за 14,2% во однос на истиот период од претходната година.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – март оваа година, изнесува 2.265.602.000 денари, што е за 14,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 година е зголемен за 2,6 процентни поени.