Македонскиот претприемач за да излезе на интернационалниот пазар потребно е да го познава пазарот на којшто сака да го пласира својот производ, но и да има тим кој ќе има искуство.
Придобивките од сертифицирање на градежните производи се во поглед на промовирање на квалитет на градежниот производ со контроли, на тој начин се обезбедува конзистентно производство преку постојаниот надзор на процесот на производство во фабриката.
Љубителите на доброто кафе благодарение на Рамстор Мол во периодот од 21-ви до 23-ти октомври ќе можат да уживаат, дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе на овогодишниот Coffee Fest во организација на трговскиот центар.
По тој повод, претседателот на Македонија ја одликуваше НБРМ со Орден за заслуги на Македонија. Орденот му беше врачен на гувернерот Димитар Богов на централната свеченост.
Сојузот на стопански комори на Македонија, во рамки на саемот Технома 2016 година, организира македонско – унгарски бизнис форум.
Агенцијата за катастар организира Отворени денови за бизнис секторот.
Конференцијата, којашто ќе се одржи на 20-ти октомври од 18 часот во Музејот на македонската борба, се организира по повод месец октомври којшто е Светски месец против рак на дојка.
Конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка, ќе се одржи во периодот од 23-ти до 24-ти ноември во хотелот Александар Палас во Скопје.
Народната банка на Република Македонија ја издаде и пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели свети Никола Чудотворец.
Сѐ повеќе туристи се во потрага по “зелени“ дестинации кои се проактивни кон прашањата на животната средина: енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, јаглеродните емисии, зачувувањето на биодиверзитетот и водоснабдувањето.
Во Македонија веќе една година функционира механизмот за мирно решавање на работните спорови, со лиценцирано 41 лице како арбитар во тој процес.
Со издавањето на публикациите се овозможува детален увид во историјата и процесите на градењето на централнобанкарското работење, од неговите зачетоци, па сѐ до денес.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари, додека вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5% повеќе во однос на годинава.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември оваа година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, додека во однос на истиот период лани зголемувањето е за 5,5 процентни поени.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележа Светскиот ден на храната под мотото: Блиску до традицијата, поблиску до природата.
Прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, повикува на масовно учество на втората хуманитарна трка Подај рака 2016, што ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас.
Вработените и менаџментот на Пивара Скопје, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак, исчистија над три километри од кејот на реката Вардар во Скопје.
Цените во земјоделството во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 1%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%.
Комерцијална и Стопанска – Битола, како и две штедилници, Фулм и Можности, се приклучија кон Гарантниот фонд за кредитирање во земјоделството.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август, се повисоки за 0,8% на месечно, а пониски за 1,4% годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Промоција на Bare Origin масла за нега на кожа во Јавна соба.
Бројот на туристи во август оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 7,2%, а бројот на ноќевања е намален за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На 15-ти овој месец, од 11 до 15 часот, во Сити Мол во Скопје, проектен тим на офталмолози од Систина офталмологија ќе врши очни скрининзи со мобилни ауто – рефрактометри.











