Само две од вкупно 10 категории забележаа раст од 2019 до 2020 година, најмногу фармацевтската индустрија со 0,7% раст и благородни метали со пораст од 0,6%.
Со вметнување на вашата кредитна картичка на ПОС терминалот во продажното место каде што сакате да ја реализирате трансакцијата, внесете го посакуваниот износ од вкупниот број собрани поени, потврдете ја трансакцијата и уживајте во бонусот.
Сега, дури и малите инвеститори ќе можат да инвестираат пари во одредени портфолија.
Гостите имаат право да изберат дали ќе бидат услужени од роботи или од луѓе.
Аналитичарите не очекуваат 6G мрежата да почне да функционира пред 2030 година, но најавите сугерираат дека Apple сака да учествува во најраните фази во развојот на новите технологии.
Научниот ровер Perseverance (Истрајност) на NASA, најнапредната астробиолошка лабораторија во историјата испратена на друга планета, се пробил низ атмосферата на Марс и успешно слетал на дното на еден кратер, потврдија од американската вселенска агенција.
Надоместоците на целиот одбор изнесуваат 26,7 милиони евра во 2020 година, а една година претходно 23,1 милион евра.
Кина во моментов има најголем број милијардери, дури 596. Но, 40 од 100-те најбогати милијардери доаѓаат од САД.
Санела Џенкинс е родена во Сараево, која по војната во Босна и Херцеговина, најпрво заминува во Хрватска, а од таму во Велика Британија. Таму дипломира информатика, а во 2009-та година ја создаде линијата на здрави напитоци Neuro.
Според истите овие пресметки, ако биткоинот беше земја, само 30 други земји ќе користеа повеќе електрична енергија. Тоа би ги надминало годишните потреби за напојување на ОАЕ, Холандија, Филипини, Белгија, Австрија или Израел.
Еден од победниците во војната на малите берзански трговци од Reddit против хеџ фондовите е апсолвент на Институтот за технологија Масачусет, Анубав Гуха.
Просечната цена на домови во Велика Британија надмина четврт милиони фунти, првпат откако на пазарот на недвижнини забележа најголем скок за шест години и покрај кризата.
Недостигот на чипови уште им прави проблем на производителите на возила во САД, а тоа може да резултира со милијарди долари загуба.
Преработувањето е намалено за околу четири милиони барели, а производство за околу милиони барели дневно.
За да го зајакне своето присуство Rimac Automobili го отвори првиот салон во Шангај.
Првата мерка од Петтиот пакет економски мерки е финансиска поддршка на плати за вработените во вредност од една милијарда и 920 милиони денари за февруари и март 2021 година, со опфат од околу 60.000 работници месечно.
Ова е прва услуга за електронска идентификација на граѓаните и ќе биде достапна веќе на крајот на април месец.
Мерката не ги предвидува долговите направени кон ЕВН, БЕГ и други приватни компании кои даваат јавни услуги.
Покрај ова, било договорено Општина Дојран и Агенцијата за развој и подршка на туризмот, со помош на туристички експерти, во следниот период да изготват долгорочна стратегија за развој на туризмот во Дојран.
Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 6.500 денари по акција.
Покрај отворање на маркети, најавени се и некои нови инфраструктурни проекти.
Кина се очекува да забележи стапка на раст на глобално ниво во 2021 година, според предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд.
Во 2021 година, компанијата очекува прилагодена оперативна добивка од две милијарди евра.
Според податоците што ги изнесе, на веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси од 6.000 до 7.000 слободни работни места.











