Меѓународната групација Три Гранит и Скопски саем потпишаа договор за деловна соработка кој вклучува заедничка реализација на проектот ЕРА Сити.
Со својата уникатна MaxTV услуга, Македонски Телеком постигна извонредни резултати на пазарот. Македонски Телеком веќе ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници. За само четири години постоење и во услови на голема конкуренција, MaxTV стана лидер на тв пазарот.
На барање на Врховниот суд на Индија Индиското регулаторно тело СЕБИ ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој Sahara India Real Estate и Sahara Housing Investment,поради тоа што измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале.
Во СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и Компјутерско инженерство (ФИНКИ) денес свечено ќе биде отворена NOKIA лабораторијата за мобилни технологии.
По повод празнувањето на денот на лозарите, Св. Трифун Државниот завод за статистика соопшти дека во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза во Република Македонија се во благ пораст.
Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2% од територијата на Република Македонија.
Денес во Скопје свечено ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.
Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи јавна расправа за предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.
Во рамките на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија утре во Тетово, во хотел Лирак, со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот модул од втората генерација на Програмата за претприемачи.
Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.
Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година.
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Корисниците на Family, Family + и Family Маx отсега ќе разговараат неограничено во најголемата мрежа на T-Mobile и T-Home корисници и ќе испраќаат неограничен број на СМС во рамките на семејството.
Целта на првата кооператива за трговија со млеко Милкооп е подобро искористување на потенцијалите во примарното млекопроизводство преку здружување на фармерите.
Делегација од Прилеп, заедно со стопанска делегација од истиот регион, престојува на дводневна работна посета во Турција.
Вториот модул од Тренинг програмата за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих ќе се одржи утре, среда, во просториите на CEED Македонија.
Денес во Скопје ќе бидат доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи.
Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено. Oва денес го изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Оние граѓани кои ќе сакаат да започнат бизнис во руралните средини на Македонија ќе добијат финансиска поддршка од Владата во висина од 50% од трошоците за започнување бизнис.
Претставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе се сретнат со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.
Последните 20 години, бројките велат дека количината на домашното извезено вино постојано расте, а 2011 беше забележана како рекордна по пласманот на вино на странските пазари.
Оценката на раководителите на деловните субјекти е дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Во периодот јануари-декември минатата година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, што е за 111,8% повеќе во споредба со истиот период од 2011.
Преку дискусија беше разгледуван најголемиот проблем на кој наидуваат фирмите денес, а тоа е како да си ги наплатат продадените услуги и производи. Со овој проблем најмногу се соочуваат микро и малите фирми во Македонија.










