Новости

Нов проект за развој на планински туризам најави Владата, кој опфаќа инвестиции во планинските туристички центри.
Во Србија од денска е зголемена општата стапка на ДДВ од 18 на 20 отсто
Девет компании ќе учествуваат во конзорциунот кои ќе го градат Белене. Само еден од нив е западноевропска фирма, сите други се американски.
Вработените во „Алкалоид“ АД Скопје минатиот викенд ја покажаа својата хуманост на пикникот кој беше организиран од страна на компанијата на кој се собираа средства за Детската клиника во Скопје
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски е избран за потпретседател на Телото на европските регулатори на Европската комисија (БЕРЕК). Од вкупно девет гласа од земјите кои се дел од БЕРЕК, како набљудувачи, директорот на АЕК освои пет гласа.
Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милион евра.
Од 1 октомври, сите T-Mobile корисници ќе бидат префрлени на нови MSC Blade Cluster сервери, што значи дека капацитетот на мрежата за разговори и СМС ќе се зголеми до 4 пати. Проектот започна во јули годинава и за рекордно време од 2 месеци целата база на T-Mobile корисници од старите беше префрлена на новите сервери.
Министерството за транспорт соопшти дека преку продажба на градежно државно земјиште во изминатите пет години се овозможени инвестици во износ од 1.037.523.120 евра
Клиничката болница Аџибадем Систина во соработка со компанијата Интраплант од Австрија, денеска ќе одржи стручен состанок на кој ќе бидат презентирани најновите достигнувања, како и најсовремените техники и методи од областа на ортопедијата и трауматологијата.
Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје, организираат настан кој има за цел обновување на училишното окружување на Посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој Иднина.
Целта на Интел бизнис предизвикот е да ја формираат новата генерација претприемници и да го збогатат друштвото на иноватори со талентирани млади луѓе кои имаат страст добрите идеи да ги претворат во одличен бизнис.
Најуспешни туристички настани за 2012 година се Галичка свадба, Звуците на чаршијата и Пивофест. Минатата година во однос на 2010 година бројот на туристите е зголемен за 10,5%, а ноќевањата за 7,6%.
На улицата Македонија во Скопје, посетителите ќе можат да најдат мед, матичен млеч, полен и прополис, да дегустираа пчелини прозиводи, како и да се запознаат со органското пчеларење преку директен контакт со пчеларите.
Новиот кредит на Прокредит банка е наменет за примарното органско производство, за преработка на органски производи или за откуп и трговија со органски производи. Производителите можат да искористат до 15 милиони денари заем, со камата од 7% и рок на отплата до 10 години.
Инвестицискиот самит во Охрид ќе биде одлична можност за презентација на овие позитивни искуства на странските инвеститори и воопшто, на можностите за создавање профит во Македонија пред претставниците на македонската дијаспора.
Прогнозите за раст на приходите од рекламирање ги зголемија акциите на компанијата до историски максимум. Google ги импресионираше инвеститорите на Волстрит
Извршниот директор Мариса Мајер ја претстави својата стратегија за враќање на позициите на компанијата како интернет гигант. Идеите на Мајер за тоа како да се исправат на нозе биле повеќе општи отколку конкретни, но вработените на компанијата ги дочекале со воодушевување.
Претставник на компанијата Бош и премиерот на Србија Ивица Дачиќ, во Пеќ поставија камен темелник на новата фабрика на Бош која во наредните седум години ќе вложи 70 милиони евра, а ќе вработи 620 луѓе.
Новиот принцип на работа го воведе Хрватската железница, а многу брзо ќе го воведе и Кроација ерлајнс. Во државната компанија ХЖ Инфраструктура воведени се нови правила за менаџерите
Повторно е регистриран пад на индустриското производство и тоа за цели 8,1% во август годинава во однос на истиот месец минатата година. Тоа значи дека македонската индустрија тоне веќе цела година, односно регистрира минуси во текот на 12 месеци.
Професионалниот тим кардиолози и кардиохирузи со долгогодишно искуство нуди брзо дијагностицирање и најсовремен третман при нарушувања на срцевиот ритам.
По повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември, Кардио-центарот при клиничката болница Аџибадем Систина организира бесплатни консултации за пациенти со нарушувања на срцевиот ритам.
Најсовремена фабрика за производство на висококвалитетна заштитна облека, со површина од 2.500 метри квадратни, ќе биде изградена во општина Илинден на плац од 7.239 метри квадратни.
Градежната компанија Гранит АД Скопје потпиша нов договор со Агенцијата за државни патишта за изградба на магистралниот пат М-6 Штип - Струмица.