Финансиската поддршка се исплаќа за надомест на трошоци за одржување висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство во висина од 80% од просечна месечна бруто плата во дејноста.
Целта на форумот е остварување директни деловни контакти за креирање конкретна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи.
Бројот на туристи во август оваа година е зголемен за 16,1% во однос на истиот период лани, додека зголемување од 14,7% има и кај бројот на ноќевања.
Република Македонија беше претставена како туристичка дестинација за Адвентуре Травел пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле.
Центарот за истражување и креирање политики, со поддршка на Европската комисија и Центарот за изучување на демократијата од Бугарија организираат Форум на јавни политики за скриена економија.
Двата македонски аеродрома, скопскиот Александар Велики и oхридскиот Св. Апостол Павле, првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20%.
Енергетска математика е новата активност на ЕВН и Агенцијата за енергетика која се спроведува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност.
Во август оваа година се издадени 206 одобренија за градење, што е за 32,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Корисниците на поштенските услуги во првата половина од годинава поднеле 2.302 рекламации, од кои 2.164 до Македонска пошта, а 138 до останатите даватели на поштенски услуги.
Конференција на тема Женско претприемништво – Перспективи ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на бизнис жени во Македонија.
На сметките на 2.127 земјоделци се исплатено 32,69 милиони денари за повеќе мерки.
Компании - членки на Македонско - бугарската стопанска комора од градежниот сектор, фармацевтската, прехранбената и винската индустрија, го презентираа своето деловно работење пред аргентинскиот амбасадор Гујермо Салвадор Азрак.
Вкупните девизни резерви заклучно со септември оваа година достигнаа 2.187.400.000 евра, што во споредба со истиот период лани (2.435.000.000 евра) е намалување од 247.600.000 евра.
Сојузот на синдикатите на Македонија со прес-конференција и трибина на тема "Пристојна работа за сите" го одбележи Светскиот ден на пристојната работа, 7 октомври.
Од денеска до петок во Охрид ќе се одржува вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна на кој е најавено учество на истражувачи и експерти од Македонија и странство.
Трошоците на живот во септември оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, додека кај цените на мало намалувањето е 0,7%.
Германската компанија Маркарт денеска во индустриската зона Каласлари кај Велес ја отвора новоизградената фабрика.
Од први ноември сите уписи во Централниот регистар, поточно во трговскиот регистар, ќе се вршат само електронски преку регистрациони агенти.
Министерството за животна средина ќе поднесе предлог до Владата за затворање на Југохром бидејќи не ги испочитувала обврските за монтирање филтри.
Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во просториите на Народната банка вчера се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Македонија.
По повод Светскиот ден на домувањето, Хабитат Македонија заедно со Меѓународното училиште НОВА организираа дебата и изложба на фотографии од јавни простори направени од учениците во НОВА.
Трговскиот дефицит во периодот од јануари до август оваа година, изнесува 1.116.110.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Како дел од групацијата на DP DHL, вработените од ДХЛ Експрес Македонија учествуваа во одржувањето на чиста животна средина (Go Green) и го одбележаа Глобалниот волонтерски ден во саботата.











