Индексот на индустриското производство во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 97.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,8% на месечно ниво, односно за 4,8% на годишно ниво.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 69,5% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
Деца од Битола и Скопје заедно со своите родители ќе бидат дел од специјализираниот камп, каде преку креативните работилници и активности се стимулира нивниот развој и интеграција.
Најголемата кампања за летни попусти на Рамстор Мол – Гараж Сејл 3 започна на 20 август и ќе трае до 27 август.
Во Скопје Сити Мол во тек е голема распродажба по неверојатно ниски цени на брендирана гардероба, обувки, чанти, козметика, накит.
Се очекува дека учесниците ќе бидат лидери во пренесување на новооткриеното знаење и искуство на другите членови на нивните локални заедници, како и дека истите ќе помогнат во зголемување на јавната свест за начините на справување со климатските промени.
Овој проект се состои од два дела - постројка за рекуперација на пареи и прилагодување на инсталациите за полнење од така наречено “горно” во “долно” полнење.
Филмското училиште за деца Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција од Скопје распишуваат конкурс за упис на нови членови за учебната 2015/16 година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 25,9%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 17,3%.
Владата денеска исплати 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2014 година е зголемен за 6.8 процентни поени.
Рамстор Мол веќе трета година по ред ја организира кампањата под име Гараж Сејл која ќе започне на 20 август и ќе трае до 27 август.
Под мотото За сите деца, здружението Хуманост без граници организира хуманитарна акција на дарување на училишен прибор, опрема и книги за децата од СОС Детско село.
Во периодот јануари - јуни 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.959.531 илјади денари, што е за 56,8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар, во јуни 2015, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9,4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,7%.
Подигнување на свеста кај земјоделскиот сектор за штетното влијание на климатските промени врз земјоделските култури е целта на настанот што денеска ќе се одржи во овоштарник со круши во село Младо Нагоричане, кумановско, во организација на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година.
Во јуни 2015 се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонската Кошаркарска Федерација се приклучи кон кампањата Шанса за живот, иницирана од компанијата ОКТА. Сите средства собрани од пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Израел се веќе донирани за целите на кампањата.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе остане на исто ниво во наредниот период.
Во јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,5% на месечно ниво, а се пониски за 1,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените во земјоделството во јули 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6,4%, а кај аутпутот е зголемен за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, годинава по шести пат ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид.