Присутните претприемачи од овој регион разменија мислења и искуства за стратегијата на своите компании во однос на промената на глобалната економска ситуација во изминатите години, кога за прв пат се соочиле со потребата од бизнис план и бизнис стратегија...
Традиционална сезонска распродажба End of Summer Sale ќе има овој викенд на производите од Coincasa и @Home со цени што ќе започнуваат од 99 денари.
Компанијата се занимава со дигитално печатење. Фабриката се наоѓа во Технолошко – индустриската развојна зона Бунарџик.
Кованите пари за колекционерски цели Владимир, Наталија и Олга од серијата Ден на Ангел се издадени и пуштени во оптек, соопшти Народна банка на Македонија.
Наскоро нов трговски и бизнис центар со вкупна површина од 30.000 метри квадратни и инвестиција во вредност од 30 милиони евра.
Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец изнесуваат 2.177.700.000 евра, што претставува намалување од над 271 милиони евра во однос на истиот период лани.
Фондот за иновации и технолошки развој организира Обука за анализа на ризици, пазарен потенцијал, финансиска проекција и заштита на права од интелектуална сопственост за потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот.
Индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.4, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Тиквешкиот регион вчера почна бербата на најзастапената црна сорта грозје вранец. Откупот се одвива на повеќе пунктови на винарските визби.
Во второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2014 година, се пониски за 1,3%.
Физичките лица кои правото на користење на градежно земјиште го стекнале со надомест, како и поранешните сопственици на градежното земјиште национализирано во 1958 година ќе можат да го приватизираат доколку нема Детален урбанистички план.
Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во споредба со јули 2015 година, остана на исто ниво.
Трговскиот дефицит во период од јануари до јули оваа година, достигна вредност од 983.504.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи ќе организираат заеднички отворени денови со цел граѓаните да можат на едно место да прашаат за нивните проблеми.
Целта на донаторската програма на Еуролинк осигурување е да им се даде неопходната поддршка на студентите.
Покрај меѓународните и домашни експерти, ќе учествуваат и претставници од владини институции, бизнис секторот, индивидуални производители, факултети и од невладиниот сектор.
Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 1,47%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од 18 до 20 ноември во Скопје ќе се одржи Македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави два јавни повика за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до и над 3 хектари.
Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година достигнаа вредност од 2.198.310.000 евра, додека претходниот месец беа на ниво од 2.254.840.000 евра.
Во трговијата на мало, во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 101.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првото полугодие од 2015 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.024 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие од 2014 година претставува пад од 1,29%.
Со измените се врши намалување на стапката на задолжителната резерва за обврските на банките кон физички лица во домашна валута со договорна рочност над една година, од 8% на 0%, со што овие обврски добиваат ист третман како и обврските над две години, за кои веќе се применува стапка 0% од 2012 година.