На сметка на Буџетот на Македонија денеска пристигнаа средствата од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка во износ од 36,4 милиони евра.
Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат до 32 степени.
На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Вкупно 75.000 тони пченица се откупени досега по просечна цена од 11 денари за килограм.
Трошоците на живот во јули, во однос на претходниот месеци, бележат зголемување од 0,2%, додека кај цените на мало порастот е 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди претпладне, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани, по влажни или местимично влажни коловози.
Цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во споредба со јуни 2014 година, се зголемени за 0,6%, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Како што соопшти Општината, во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи на компанијата Гранд Експорт.
Nа полето на Ферхан Биберовиќ во селото Горно Оризари ќе бидат презентирани иницијалните резултати од првото поле со сончоглед во Македонија наводнувано со систем капка по капка.
Досега речиси 100.000 семејства добија правен статус за своите дивоградби и имотен лист. И покрај можноста за легализација, што стартуваше пред три години, институциите на терен се уште регистрираат нови дивоградби.
Македонските судови од почетокот на годинава до први овој месец имаат изречено 83 првостепени пресуди на корисици кои краделе електрична енергија.
Претпладне се очекува локален дожд, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, на места обилен, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
На продажба ќе бидат понудени шесте детски одморалишта во Свети Николе, Берово, Битола, Стар Дојран и Скопје што досега беа во државна сопственост.
Со овие обврзници треба да се обештетат сите решенија за денационализација кои станале правосилни од 01.01.2013 до 31.01.2014 година, а во кои како надомест се даваат обврзници.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2014 година, изнесува 1.193.925.000 долари.
Најмногу се извезувале катализатори, феросилициум, фероникел, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, валани производи и облека.
Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска во Кичево ќе го презентира проектот Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка, финансиран од Европската унија.
Времето денеска во Македонија, во претпладневните часови ќе биде сончево, додека попладне се очекува поголема нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција на возила нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од доменот на јавните услуги на национално ниво во Организацијата на потрошувачите имале 115 јавувања од кои најголем дел 33% биле за мобилната телефонија.
На својата интернет страница, Европската комисија објави оглас со кој бара компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија.
Нискобуџетните авиокомпании што работат во Македонија да летаат барем два пати неделно од Охридскиот аеродром до било која европска дестинација, бара од надлежните институции Здружението на хотелиери од Македонија – ХОТАM.