Потрошувачката по енергенти во мај оваа година изнесува: 548 059 МWh електрична енергија, 3.251 мил. нм3 природен гас, 330.496 тони јаглен и 91.735 тони нафтени продукти.
Проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните.
И во услови на турбулентно домашно окружување, банките во земјата ја одржаа својата стабилност и сигурност, беше истакнато на четвртата седница на Комитетот за финансиска стабилност на НБРМ.
Станува збор за експериментален проект за органско производство на ориз со систем за наводнување капка по капка.
Македонија 2025 со поддршка од Агенција за иселеништво на Македонија денеска организира Форум за бизнисмени и инвеститори во Македонија од дијаспората.
Фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија Гентерм, денеска почнува со работа во технолошко индустриската развојна зона во Прилеп.
Корисници на финансиската поддршка за складирање се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Македонија во 2014 година генерирала 14 гига ват часови (GWh) од сончеви панели, со што е лидер во регионот, но тоа е занемарливо во споредба со потенцијалот што го има.
Народната банка на Република Македонија ја издаде и пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели Владимирска од серијата Икони на Пресвета Богородица.
Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5,625% годишно и рочност од 7 години, стои во соопштението на Министерството за финансии.
Македонскиот клуб, предводен од претседателката Анета Антова Пешева, доби голем број на пофалби за спроведените активности и правецот во којшто се развива здружението во нашата земја.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик на Фондот.
На конференцијата Светските трендови во туризмот бараат регионална туристичка понуда ќе се дискутира за зголемување на туристичката соработка помеѓу земјите, зголемување на бројот на туристи и креирање заеднички туристички понуди помеѓу земјите за настап на трети пазари.
Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените во земјоделството во јуни 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 1%, а кај аутпутот се зголемени за 3,9%.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2016 година е за 0,8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2015 година е зголемен за 5,6 процентни поени.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај оваа година, се повисоки за 1% на месечно ниво, а се пониски за 3,2% на годишно ниво.
Нови ефикасни решенија за намалување на повредите и несреќите на работните места; воведување на системот на ваучери при пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување и измени во законот за трговски друштва.
Неизвесниот домашен амбиент се одрази и врз депозитната база на банките, којашто во мај забележа пад од 0,5% на месечна основа, значително понизок од априлскиот.
Во текот на трите фестивалски дена, од 15-ти до 17-ти јули во автокампот Партизан од 17-20 часот ќе се играат натпреварите меѓу пријавените тимови, а посетителите ќе можат да уживаат во новите вкусови на Цевитана и ова атрактивно фудбалско доживување.
Како што велат од АЕК прв пат со јавен тендер ќе определат еден давател на широкопојасен интернет како дел од универзалната услуга, кој ќе има и обврска да обезбеди поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа.
Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Изработени се информативни брошури на македонски и англиски јазик за дозволените количини за внесување или изнесување на тутунски и алкохолни производи, парфеми, предмети за лична употреба, лекови, миленици, оружје и муниција, предмети од историска и културна вредност...
На второто извлекување беа доделени над 50 награди, вклучувајќи 8 летувања на Тасос, Халкидики и Крф и патувања во Прага, Истанбул и Будимпешта, како и еден скутер, три велосипеди и 40 вредносни ваучери од по 2.000 денари.