Seavus едукативниот и развоен центар во рамки на проект на Агенцијата за вработување на Македонија, во наредните неколку месеци ќе реализира бесплатни обуки за MS Office апликации.
Во периодот од 25 до 28 мај на надворешниот изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
Над 150 мали потрошувачи од крајот на идниот месец ќе добијат можност да бидат снабдувани со електрична енергија по пазарна цена од снабдувачи на електрична енергија.
Податоците од девизниот пазар упатуваат на намалена побарувачка за девизи од страна на физичките лица, стои на официјалната Facebook страница на Народната банка на Македонија.
Ивета Алексиева и Даниел Јаковлески се победници во друмски велосипедизам. Први на врвот во трката Планински велосипедизам пристигнаа Цвета Кушовска и Александар Ѓуровиќ. Најбрза во планинско трчаење беше Марија Стојановска.
Чех ерлајнс ќе лета до Прага од Скопје секој понеделник и петок во 3:30 часот наутро. Од 29-ти следниот месец авиокомпанијата ќе опслужува уште еден термин на таа рута, во среда во 4:10 наутро. Повратните летови ќе се реализираат од Прага секој четврток и недела навечер, во 22:25 по локално време.
Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за мечувалскиот клуб Ескрим, поточно за групата мали мечувалци со Даунов синдром, којшто веќе неколку години успешно функционира во рамки на клубот.
Ликвидноста на банките, во текот на првиот квартал, се зголеми за 3.312.000.000 денари во однос на крајот на 2015 година.
Бројот на превезени патници во првиот квартал од оваа година во приградскиот превоз е зголемен за 14,2%, додека во градскиот превоз е намален за 11,6%.
Децата за деца е хуманитарната акција на Француското интернационално училиште преку којашто се обезбедија едукативни картички наменети за децата во Дневниот центар за деца со аутизам.
Белгиската компанија Ван Хол денеска ќе ја почне втората инвестициска фаза во Македонија, во којашто се предвидува изградба на нова фабрика во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Скопје 2 – Илинден.
Со оваа акција се предвидува да се соберат околу 100 тона е-отпад, а со субвенцијата по тон отпад ќе се реализираат нови проекти за заштита на животната средина.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2016 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на април 2015 година е зголемен за 8,5 процентни поени.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3,5%, а кај аутпутот намалувањето е за 13,1%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на март 2015 година, изнесува 106.5.
Азот МТБ Предизвик 2016, дводневен настан од полето на планинскиот велосипедизам, се случува втора година по ред, а учесниците оваа година можеа да изберат помеѓу две тури, од 52 и од 33 километри.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14,6% во однос на истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а се пониски за 4,3% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 9,2% на годишно ниво.
Признанието за аеродромот со кој раководи ТАВ Македонија доаѓа од ACI Europe (Меѓународeн совет на аеродроми за европскиот регион), кое во својот последен извештај бележи раст 173,9% на бројот на патници на Св. Апостол Павле во првиот квартал од 2016 година.
Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25,8%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - март 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.547.838 илјади денари, што е за 18,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска, преку работилницата FutureComNet, се одбележа Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество – 17 мај.
Во април, под влијание на автономните фактори, ликвидноста на банкарскиот систем забележа висок месечен пад од 7.035.000.000 денари.











