Бразил е најголем извозник на кафе во зрно во светот од што минатата година инкасираше 3,84 милијарди долари или 18,37% помалку одошто во 2019 година.
Во видеоинтервјуто со Суџубаши, сведоци сме на кратката, јасна и детална стратегија на компанијата за следните 10 години, на светлите перспективи на македонскиот пазар и на целата заедница воопшто.
Кога е напишан на кинески, зборот “криза" е составен од два знака. Едниот претставува опасност, а другиот претставува можност. Се надевам дека ја оставивме опасноста зад нас и сега ќе ги искористиме можностите за да ја подобриме благосостојбата на нашите економии", порача гувернерката.
Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.
Така, извршниот директор доби околу 5,8 милиони евра акции и готовина. Потпретседателот доби 2,8 милиони евра, додека финансискиот директор доби 20 милиони евра бонус, главно во акции, покажаа документите добиени од холандскиот весник NRC.
“Твитовите кои влијаат на финансиската состојба на другите луѓе не се смешни, туку неодговорни“, напиша кинеско канадскиот бизнисмен Чангпенг Жао, првиот човек на берзата за криптовалути Binance.
Регулатори ширум Европа вршат зголемена контрoла врз американските технолошки гигант поради загриженост дека имаат премногу големо влијание на 700 и повеќе милиони граѓани од Стариот континент.
Оваа организација минатата недела соопшти дека се очекува најмалку 220 милиони луѓе да останат невработени ширум светот во 2021 година и дека загубата на работни места предизвикана од пандемијата нема да може да се надомести до 2023 година.
Фабриката доби 200 милиони евра државна помош во рамки на инвестиционата програма на Европската унија, а производството ќе го започне во јули.
Полицијата во Сардинија само оваа година наплатила 13.000 евра казна, а запленетите песок и школки се вратени на плажите.
Официјалните девизни резерви на земјава на крајот на мај оваа година достигнаа ниво од 4.019.810.000 евра, што е за 16,3 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка.
Продажбата на горива во Велика Британија се зголеми во мај највисоко ниво откако во март минатата година беше воведен првиот национален карантин.
Лидерите од групата Г7 која ја сочинуваат САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Франција, Германија и Италија, в петок ќе се состанат во Корнвол, Англија, за да разговараат за глобалната економија, вакцините против Ковид-19 и за климатската криза.
Фондот ќе вклучи 7,5 милијарди евра на располагање за буџетски обврски за периодот 2021-2027 година и 10 милијарди евра од инструментот за обнова 2021-2023 година.
Доколку патниците не се сигурни со кој траект ќе патуваат до островите, се советуваат прашалникот да го пополнат на лице место.
Бесими нагласи дека брзината на опоравување на глобалната економија најмногу ќе зависи од дополнителната фискална поддршка во големите економии и брзината на вакцинацијата во текот на годината.
Датумот (20-ти јули) се поклопува со одбележување на 52-годишнината од слетување на мисијата Apolo 11 на површина на Месечината.
Како што се приближуваме до втората половина на 2021 година, многу земји низ светот почнуваат да ги ублажуваат ограничувањата на Ковид-19.И додека ова...
Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Градежништво од 1,7%, Дејности во врска со недвижен имот од 0,5% и Земјоделство, шумарство и рибарство од 0,3%.
Во нацрт-уредбата се споменуваат два рока јули 2022 година и јули 2024 година.
Податоците покажуваат дека 18,6% од богаташите сакаат да играат или да гледаат голф.
Најголемите поплаки од граѓаните биле во однос на чувањето и декларацијата на производите, како и рокот за употреба.
Трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележат зголемување од 3%, а кај цените на мало има пораст од 3,9%
Огласот ќе трае 60 дена по принципот “прв дојден, прв услужен“. Ќе се субвеницонира само едно возило на едно семејство.











