За доцнење меѓу еден и два часа, железниците мораат на патникот да му вратат 25% од цената на билетот, а во случај возот да доцни повеќе од два часа, ќе добијат назад 50% од цената.
Според новите правила што ќе се изгласаат на почетокот на следниот месец, тенките или слим цигари веќе нема да се произведуваат, како ни оние со вкус на ментол, овошје или чоколадо.
BMW започна со сериско производство на својот електромобил i3. Освен специфичен погон, овој автомобил се одликува и со единствена каросерија – i3 е прв сериски автомобил од карбонски влакна.
Германскиот произведувач со ова прави место за новиот модел 2016 Mercedes - Benz GT, автомобил кој ќе му парира на Porsche 911.
Извршниот директор на германската авиокомпанија Луфтханза, Кристоф Франц (53), ќе се повлече од функцијата со истекот на неговиот договор во мај 2014 година, за да го предводи управниот одбор на фармацевтската група Рош.
Бродот што се насука и потона во јануари 2012 година кај островот Џилио конечно е извлечен од карпите и сега е во хоризонтална положба.
Новиот Форд Транзит Конект е именуван за Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.
Русија на почетокот на месецов утврди нацрт закон според кој граѓаните од странски држави, кои доаѓаат како транзитни патници на 11 меѓународни аеродроми во Русија, можат да поминат 72 часа во оваа земја без виза.
Rolls-Royce Motor Cars, произведувач на ултра луксузни автомобили во сопственост на BMW, размислува да тргне по стапките на ривалот Bentley и да почне со производство на SUV возила.
Во операцијата ќе учествуваат 500 лица од 26 земји, од кои 120 се нуркачи, 70 заварувачи, 60 пилоти, 50 инженери, но и 10 биолози кои ја следат состојбата на морето. Сите тие имаат само една можност за овој потфат, затоа што нема план Б.
Според пишувањата на медиумите, со оваа приватизација владата би можела да добие до три милијарди фунти. Во приватизацијата ќе можат да учествуваат и околу 150.000 вработени во поштата.
Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei размислува да создаде регионален европски центар и институт за истражување и технологија во Бугарија.
Младите унгарски лекари заработуваат просечно 420 евра месечно, што е пет пати помалку за разлика од колегите во Германија, Велика Британија или скандинавските земји.
Турската економија во второто тримесечје порасна повеќе од очекуваното, односно за 4,4% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците што ги објави турскиот завод за статистика.
Германскиот фармацевтски концерн Bayer планира до 2017 година да ја зголеми продажбата во Русија за 80%, на 1,3 милијарди евра. Во исто време, се очекува бројот на вработени од 1.570 во 2012 година да порасне на 2.400 во 2017.
И сега странците можат да купуваат земјиште во Бугарија, но треба да регистрираат фирма во земјата и да купуваат парцели на името на правното лице.
Италијански Фиат ќе инвестира скоро една милијарда евра во Торино во фабриката Мирафиори, каде ќе го произведува моделот Масерати 4х4.
Минатата година во Германија се регистрирани само 4.321 нови електромобили, а голем процент од тој број се хибриди, машини кои работат на струја и на бензин. Една од причините за слабата продажба е недостатокот на широка мрежа на станици за полнење.
Иако се очекуваше дека хотелите, рестораните и кафулињата ќе ги подигнат цените во текот на Евробаскетот, според најавите на словенечките медиуми, некои од нив дури се подготвени да ги намалат цените на пијалоците за да привлечат што повеќе навивачи.
Компанијата Бритиш Телеком го укинува пристапот до интернет преку dial-up врска, а овој потег го објаснува со тоа што повеќето корисници во Британија имаат пристап до широкопојасен интернет.
Германското министерство за труд им забрани на менаџерите да им се јавуваат или да им праќаат електронска пошта на вработените по завршувањето на работното време, освен во итни случаи, за персоналот да се заштити од “прегорување”.
Американскиот интернет гигант Yahoo и официјално потврди дека ќе ја затвори филијалата во Швајцарија и активностите ќе ги пресели ви канцелариите во Лондон и Даблин.
Одборот за пазарна конкуренција на Турција одлучи да почне истрага во националниот авиопревозник Turkish Airlines, по жалбата поднесена од страна на ривалскиот Pegasus.
Австриската банка Хипо Алпе Адриа објави дека во првите шест месеци од оваа година работела со нето загуба од 859,8 милиони евра, поради што ќе им биде потребна нова инјекција од државниот буџет.